Домаќин (слуга)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Домаќин (или домаќинка) е поединец одговорен за чистењето и одржувањето на куќа или стан и овие поединци речиси искчлучиво се жени. Неретко се употребуваат и изразите „чистачка“ или „глава на куќната послуга“.

Главен домаќин[уреди | уреди извор]

Во минатото во големите домаќинства домаќинот (или домаќинката) била жена со значителна моќ. Нивните соби биле чистени, оброците подготвувани и алиштата перени од страна на пониските слуги, и со батлерот председавале во слугинската хала. За разлика од некои други слуги, домаќинката била ословувана со Г-ѓа [Презиме].

Денес домаќинот живее ист таков живот во поголемите куќи, додека повеќето работодавачи неможат да си дозволат цели групи на слуги со комплексна хиерархија.

Домаќинот побично е вработен од страна на гопсодарката на куќата и дава отчет директно кај неа. До каде домаќинот го контролира другиот персонал зависи од домаќинство. Генрално во големите домаќинства персоналот е поделен на одделенија каде што домаќинката е главна на целиот женски персонал со исклучок можеби на кујнскиот персонал, кој му дава отчет на готвачот и меѓуслугите, кои би давале отчет на батлерот; во оиве случаи готвачот и батлерот даваат отчет директно кај господарката.

Во големите резиденции, домаќинот е врховна глава на послугата и може да вработува и отпушта јуниорска послуга, се разбира со одобрение на господарката, и да препорачува сениорски персонал. Во воој случај, готвачот и батлерот даваат отчет на господарката преку домаќинот.

Денешниот готвач-домаќин[уреди | уреди извор]

Денес, во развиените земји најголемиот број на семејства не можат да си дозволат персонал кој би живеел во куќата. Кај народите каде што сѐ уште постои добра понуда на работна сила средните класи би можеле да си дозволат еден до двајца такви слуги. Кај нив домаќинот игра улога и на готвач, позиција која повеќе не е голема како што некогаш била. Современиот готвач-домаќин самиот извршува задачи од типот на готвење и чистење, и иако современите апарати во домаќинствата ја прават работата полесна, оваа позиција е многу потешка отколку онаа во минатото, помалку платена и дава многу понизок општествен статус.