Долно Јаболчиште

Координати: 41°43′35″N 21°30′53″E / 41.72639° СГШ; 21.51472° ИГД / 41.72639; 21.51472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Јаболчиште
Долно Јаболчиште во рамките на Македонија
Долно Јаболчиште
Местоположба на Долно Јаболчиште во Македонија
Долно Јаболчиште на карта

Карта

Координати 41°43′35″N 21°30′53″E / 41.72639° СГШ; 21.51472° ИГД / 41.72639; 21.51472
Регион  Вардарски
Општина Чашка
Население 1.047 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29022
Долно Јаболчиште на општинската карта

Атарот на Долно Јаболчиште во рамките на општината
Долно Јаболчиште на Ризницата

Долно Јаболчиште — село во северниот дел на Општина Чашка, во околината на градот Велес (до 2004 година под Општина Велес).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Тополка, а атарот се допира до југоисточниот дел на Скопската Котлина.

Селото е планинско на надморска височина 700 метри, а од градот Велес е оддалечено 40 километри. Во селото има основно училиште до IV одделение, а во близина е една од патеките за планински велосипедизам.

Историја[уреди | уреди извор]

Според опшорниот пописен турски дефтер од 1568/69 година, турската администрација прецизно ги забележала имињата на жителите во Горно и Долно Јаболчиште и ги посочува како чисти христијански села.[2]

Во 1942 година се случил масакрот во Долно Јаболчиште, при што се убиени 11 селани од страна на бугарската војска за кој се сомневало дека сооработувале со Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.[3]

За време на воениот конфликт во Македонија 2001 година, во јули месецот биле видени луѓе во црни униформи, за кои жителите од тој крај тврдат дека се албански терористи. Блиска средба со терористите имал еден велешанец, кој заминал во селото да продава кромид. Група вооружени лица во црни униформи лица го пресретнале, го ограбиле и го избркале од селото. Биле шест на број, сите биле униформирани во маскирни панталони и црни маици, со автоматско оружје. Со закана никогаш повеќе да не доаѓа во селото, терористите му го истуриле кромидот и му ги зедоа сите пари. Велешката полиција неколку дена претходно извршила рација во селото Бузалково, исто така населено со македонски Албанци. На гробиштата во ова село сведоците велат дека има невообичаен број нови гробови.[4]

Помеѓу октовмри и ноември 2001 година одново се случил инцидент во Јаболчиште каде што посетители биле легитимирани од лица кои носеле црни униформи со ознаки „УЧК“ и биле вооружени со пиштоли. Откако таксистот влезе во селото да остави патник, тој бил застанат од двајца лица со црна облека. Откако одговорил на прашањето на бандитите дека е Македонец, тие бурно реагирале и прашале зошто е тука. Кога таксистот го оставил патникот во селото, при враќање одново бил запрен од двајца униформирани лица. Тие му порачувале дека посетата во селото Јаболчиште му било „прв и последен пат.“ МВР и Македонската армија потврди дека имале информации дека во ова велешко село се забележани припадници на ОНА. Според безбедносните служби, станува збор за мал број луѓе, кои „се самоорганизирале и не се во никаков контакт со терористите од Тетовско и Кумановско“.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948417—    
1953448+7.4%
1961335−25.2%
1971290−13.4%
1981360+24.1%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994496—    
2002718+44.8%
20211.047+45.8%

Според опшорниот пописен турски дефтер од 1568/69 година, турската администрација прецизно ги забележала имињата на жителите во Горно и Долно Јаболчиште и ги посочува како чисти христијански села.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Долно Јаболчиште е село со 41 домаќинство и 334 жители Торбеши.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долно Јаболчиште имало 400 жители, сите Арнаути муслимани (Албанци).[7]

Според германскиот етнограф Леонард Шулце Јена, на неговата етничка карта од 1927 година, Долно Јаболчиште наведено како арнаутско (албанско) село.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Турци.[9]

Во 1961 година во селото живееле 335 жители, 199 Турци и 135 Албанци, додека во 1994 година селото броело 496 жители само Албанци.

Според пописот од 2002 година, Долно Јаболчиште има 718 жители, од кои 716 Албанци и двајца останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.047 жители, од кои 1.021 Албанец, 1 Бошњак и 25 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 400 417 448 335 290 360 0 496 718 1.047
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Јаболчиште е албанско село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:

  • Доселеници: Бибовци (13 к.), Елмазовци (10 к.), Мусовци (6 к.), Пеловци (4 к.), Љушовци (4 к.), Луповци (3 к.), Метовци (3 к.), Аџиовци (3 к.), Мамутовци (3 к.), Сеферовци (3 к.) и Фејзовци (2 к.) предците на сите овие родови се доселиле од различни села во областа Горна Река. Во родот Луповци се знае следното родословие: Камбер (жив на 50 г. во 1966 година) Саип-Камбер-Фејзо-Авмет, кој се доселил со неговиот брат Азис, тоа било на почетокот од XIX век.[16]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Според новиот закон за територијална организација на Република Македонија селото (заедно со Горно Јаболчиште) беше припоено кон мнозинско Македонско населената (73,91% Македонци) Општина Чашка. Причината со заради која овие 2 доминантно албански села беа припоени кон Општина Чашка беше само за општината да се албанизира и да стане двојазична. Кон општината беа припоени и помалите рурални општини Богомила (95,21% Македонци) и Извор (99,24% Македонци). Меѓутоа со припојувањето на овие две села кои природно не гравитираат кон општината и воопшто кон областа Азот, бројот на Албанско население беше насила зголемен на 33,06%. Според локалното Македонско население кое во најголем број е доста старо ова значи тотална албанизација на општината од причина што младите Македонци бегаат од општината, а бројот на Албанците константно се зголемува и со доселување и со природен прираст. Власта на ова одговараше дека со тоа ќе се зајакнел соживотот и мултикултурноста на овој крај, што всушност греши бидејќи тоа значи трајно албанизирање на овој крај од кој произлегле голем број видни Македонски борци, револуционери, учители, градители итн.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2204 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска зграда.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 507 гласачи.[18]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Шефшет Адеми (р. 21 април 1963) - македонски судија и Претседател на Основен суд Велес.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од 1924 до 1966 година од селото се иселиле околу 50 албански семејства во Турција. Помал број се иселиле во Сливник, Бањица, Отиштино и Бузалково.[16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Во селото Јаболчиште пред пет века живеело христијанско население“. duma.mk. 22 јуни 2017.
  3. Павловски, Јован (1977). Судењата како последен пораз. Центар за информирање и издавачка дејност „Полог“ - Тетово. стр. 163–164.
  4. „Бандитите ограбуваат и во Велешко“. Дневник. 11 јули 2001.
  5. „Таксист сосила бил легитимиран од "полицајци" во Јаболчиште“. Дневник. 2 ноември 2001.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182 - 183.
  7. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 157.
  8. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]