Доктор на науки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Доктор на науки (според македонскиот правопис кратенката е: д-р; латински Philosophiae doctor или Doctor philosophiae) е највисок академски степен што се доделува од страна на универзитетите во повеќето земји во светот. Во однос на латинскиот термин од кој потекнува ова звање треба да кажеме дека зборот филозофија во звањето не се однесува на академската дисциплина филозофија, туку се употребува поширока смисла на зборот кој е поблизок кон изворното негово значење односно како љубов кон мудроста.

Звањето доктори на науки се доделуваат во поголем број на академски полиња. Ова академско звање се добива како резултат на направено/направени истражувања во определена научна област. Кандидатите за ова звање, обично, не е потребно само да демонстрираат експертиза во дадената област. Од кандидатите најчесто се бара, преку оригинални истражувања, да дадат нов оригинален научен придонес во соодветната научна. Стекнувањето на звањето доктор на науки најчесто е услов за вработување како универзитетски професор, истражувач или научник во голем број области.

Поединците кои го имаат стекнато звањето доктор на науки степен и да е, во многу земји во светот го користат звањето Доктор, а во некои земји се користи некоја од варијантите на доктор по филозофија заедно со нивното име.

Стекнување на звањето[уреди | уреди извор]

Во поголем број на земји во светот кандидатот за доктор на науки мора да поднесе пријава за темата на која треба да работи. Темата треба да биде одобрена од комисија сочинета од експерти од соодветната област одобрена од универзитетот. Доколку темата на кандидатот е прифатена тогаш се започнува со работа. Резултатите добиени од повеќегодишна работа на темата мора да бидат или публикувани или да бидат спремни за публикување во меѓународно научно списание во кое тие треба да бидат рецензирани од експерти од соодветната област кои се анонимни.

Самата одбрана на изработената докторска дисертација најчесто се одвива пред комисија од експерти која, обично, е одобрена од универзитетот. Обично станува збор за формален чин кои се изведува пред публика. Самиот чин на одбраната е помалку формален и се сведува испит на кој пред комисија кандидатот ја брани темата на која го истражувал.

Формално обраќање[уреди | уреди извор]

При формално обраќање кон докторите на науки во академската заедница правилно е да се употребуваат формите: д-р Презиме или професор Презиме. Во секојдневниот живот, надвор од академската средина, доколку е познато академското звање како формален начин на обраќање би требало да се употребува д-р Презиме.[1][2][3]

Литература[уреди | уреди извор]

  1. Hickey, Robert. „How address the holder of a Doctorate“. Посетено на 2018-08-23.
  2. „How to Correctly Use the Titles Dr. & PhD With a Name | Synonym“ (англиски). Посетено на 2018-08-23.
  3. Action, Tradition In. „How to Address the Holder of a Ph.D.“. Посетено на 2018-08-23.