Дизајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Столица во форма на лале, Еро Саринен

Дизајн како процес може да преземе многу форми во зависност од предметот што се дизајнира и индивидуалецот или индивидуалците што учествуваат.

Во контекстот на применета уметност, инженерство, архитектура и други креативни дејности, дизајн е и именка и глагол. Дизајн во неговиот глаголски контекст е процес на создавање и развивање на план за естетски и функционален предмет, за што е потребно соодветно истражување, размислување, моделирање, прилагодување и ре-дизајн. Како именка, дизајн се користи и како финален план за дејство (цртеж, модел или друг опис), или резултат на следење на тој план за дејство.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Некои индустриски дизајни се сметаат и како класични уметнички дела, и како дела на инжинеринг.

Белешки[уреди | уреди извор]