Ден за обука

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ден за обука е американски филм од 2001 година (во жанрот криминалистичка драма), во режија на Антоан Фукуа. Главните улоги ги толкуваат: Итан Хоук и Дензел Вашингтон. За својата улога, Вашингтон ја освоил наградата „Оскар“ за најдобра машка улога, а Хоук бил номиниран во категоријата „најдобра споредна улога“.

Содржина[уреди | уреди извор]

На својот прв работен ден како полицаец во одделот за наркотици во Лос Ангелес, младиот Хојт (го игра Хоук) поминува 24-часовна обука под водство на неговиот постар колега, искусниот детектив Херис (го игра Вашингтон). Во текот на обуката, Хојт полека сфаќа дека Херис не е онаков како што изгледа на прв поглед, а неговите методи на работа се морално неправилни.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Полицајци со контроверзни правила“, Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 3.
  2. „Полицајци со посебни правила“, Антена, број 898, 11.9.2015, стр. 3.