Данило II Петровиќ Његош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данило II Петровиќ Његош
кнез на Црна Гора
На престол1851-1860
ПретходникПетар II Петровиќ Његош
НаследникНикола I Петровиќ
ПридружникДаринка Петровиќ Његош
ДинастијаПетровиќ-Његош
ТаткоСтанко Петровиќ Његош
МајкаАнгелика Петровиќ Његош

Данило II Петровиќ Његош [белешка 1] (Црна Гора, 6 јуни 1826Котор, Австроунгарија 13 август 1860), бил владетел на Црна Гора, прв световен (кнез) владетел од династијата Петровиќ-Његош. Петар II Петровиќ Његош го избрал за свој наследник. По смртта на Петар II, црногорскиот Ценат и зборот на црногорските старешни на 1 јануари 1852 година, го потврдиле за владетел на Црна Гора. На 1 март 1852 година, црногорскиот Сенат, врз основа на одлуката на општото црногорско собрание, донел одлука Црна Гора да се прогласи за наследно кнежевство.

И покрај желбата на Петар II, во Црна Гора постоеле уште двајца претенденти на црногорскиот престол, братот на Петар II - Перо Томов и Ѓорѓија Савов Петровиќ. На 9 септември 1851 година, црногорскиот Сенат го избрал Перо Томов за владетел на Црна Гора, меѓутоа благодарение на руската поддршка, како и влијанието на двајцата угледни сенатори Новица Церовиќ и Стефан Перков Вукотиќ, како прв световен владетел на црногорскиот престол седнал Данило II.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Данило е првиот световен владетел (кнез) на Црна Гора од куќата Петровиќ Његош и затоа понекогаш неговото име се сретнува како Данило I Петровиќ Његош, меѓутоа тој не е првиот владетел под името Данило на Црна Гора од куќата Петровиќ Његош. Негов претходник е владиката Данило Петровиќ Његош. За да се направи јасна дистинкција и поголема јасност помеѓу двајцата Даниловци, првиот се именува како Данило I, а вториот како Данило II, иако првиот владее како владика

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]