Даг Хамаршелд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даг Хамаршелд
Dag Hammarskjöld
Роден 29 јули 1905
Јеншепинг, Шведска
Починал 18 септември 1961
Н'дола, Родезија и Њасаленд
авионска несреќа
Националност Шведска Шведска
Познат Генерален секретар на ООН
Занимање правник, дипломат, публицист

Даг Хамаршелд (шведски: Dag Hammarskjöld) — шведски дипломат, писател и втор Генерален секретар на ОН. Загинал во авионска несреќа во Северна Родезија (денес Замбија), додека бил на мировна мисија во Конго. Тој е единствениот добитник на Нобеловата награда посмртно, и единствениот Генерален секретар на ОН кој починал додека бил на функција.