Гудачки инструменти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виолина

Гудачките инструменти името го добиле според начинот на добивање на тонот: со влечење на гудалото преку жиците, што предизвикува треперење на жиците и создава тон. Гудачките инструменти имаат четири жици со различна дебелина. Најдлабоките тонови ги произведуваат недопрените жици, додека повисоките тонови настануваат со нивно скратување, што се постигнува со притисок на прстите од левата рака врз жиците. Сите инструменти од оваа група се со слична градба и техника, но различни по големина, распон на тоновите и бојата на звукот. Во овие инструменти спаѓаат: виолина, виолончело, виола и контрабас.