Гробишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уметнички приказ на гробишта
Ерусалим, Маслинова Гора

Гробишта — место каде што се закопуваат мртвите (најчесто луѓе, но може и животни).

Гробиштата кај Словените

Гробиштата кај Словените биле поставувани во близина на светилиштата или во нив. Како место за гробишта се одбира цврста и сува земја, најчесто на рид или покрај пат. Гробиштата имале исклучителна почит и не се скрнавеле, па оттаму до денешни дни опстанале старите могили, некаде и цели гробишта со надгробни плочи. Првите пишувани извори, меѓу кои и оние на Нестор велат дека старите Словени своите мртви ги палеле на клада, но неретко и ги погребувале, но кај нив не постоеле гробишта. Мртвите ги закопувале во полињата, шумите, до реките, дури и под праговите (во подоцните времиња, кај Јужните Словени е забележано погребување на некрстено новороденче под домашниот праг). Според описот на Нестор, над гробовите Словени кревале високи земјени могили или поставувале столб, најчесто од бука или даб.[1]

Гробиштата се именувале според местото каде се наоѓале (Бутелско, Битолско, Раштанско...), според етничката припадност на населението кое ги погребувало своите мртви во него (еврејско, турско, влашко, српско...), ретко, но постојат гробишта наречени по некој човек (Дедо Маркови), познати се и самовилски (каде што самовилите се грижеле за покојните), сватовски (каде биле погребани сватови кои се удавиле при паѓањето на мостот, коледарски (каде што се вршел некаков коледарски обред), постоеле и гробишта во кои се погребувале заболените во епидемии и таквите гробишта неретко се нарекувале по името на болеста.[1]

Гробиштата по традицијата не требало да се преместуваат, но под екстремни околности (ерозија, поплавување и сл.) чинот на создавање ново гробје подлегал на повеќе правила: осветување, чистење, погребување на некое животно, бидејќи никој не дозволувал првиот погребан покојник да биде од неговото семејство оти се верувало дека тоа носи несреќа за сите. Вообичаено е мртвите од едно село, населба да се погребуваат на исто гробиште, кон ова правило не припаѓале насилно починатите, самоубиците, анатемисаните, криминалците и др. За ваквите покојници гробовите се правеле надвор од оградите на гробиштата, а нивниот погреб не подлегнувал ниту под вообичаените обреди, ниту под црковните правила. За загинатите воини на кои не им се знаело местото на загинувањето во старите времиња биле поставувани могили без телото на починатиот, најчесто покрај патиштата, поретко до некој извор, па и самиот извор станувал посветен на починатиот.[1]

Гробиштата како тема во уметноста и во популарната култура

Гробиштата како тема во книжевноста

Гробиштата како тема во музиката

  • „Гробишта“ (англиски: Graveyard) — песна на американската рок-група Butthole Surfers од 1987 година.[10]
  • „Полка од гробиштата“ (англиски: Cemetery Polka) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[11]
  • „Гробишта“ (англиски: Tomblands) — песна на британската рок-група Либертајнс (The Libertines) од 2004 година.[12]
  • „Гробишта“ (англиски: Graveyard) — песна на британската рок-група Public Image Ltd. од 1979 година.[13]
  • „Убавите девојки прават гробови“ (англиски: Pretty girls make graves) — песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths).[14]
  • „Портата на гробиштата“ (англиски: Cemetery gates) — песна на англиската рок-група Смитс од 1985 година.[15]
  • „Смена на гробиштата“ (англиски: Graveyard Shift) — песна на американската рок-група Uncle Tupelo.[16]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Речник на јужнословенска митологија,Гордана Стојковска, Три, Скопје,2004, стр. 101 - 102
  2. I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 51.
  3. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 122.
  4. Умберто Еко, Прашките гробишта. Скопје: Табернакул, 2011.
  5. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 283-284.
  6. Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 137-138.
  7. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 172.
  8. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 159-163.
  9. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 205-219.
  10. DISCOGS, Butthole Surfers – Locust Abortion Technician (пристапено на 15.3.2022)
  11. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
  12. The Libertines – The Libertines (пристапено на 17.2.223)
  13. YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)
  14. YouTube, THE SMITHS · The Smiths · FULL ALBUM HQ AUDIO (пристапено на 6.6.2017)
  15. The Smiths, The Queen Is Dead, KL-1738, Založba kaset in plošč, RTV Ljubljana.
  16. YouTube, Uncle Tupelo - Graveyard Shift (пристапено на 5.12.2016)