Гренд слем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гренд Слем турнири

Отворено првенство на Австралија
Отворено првенство на Франција
Вимблдон
Отворено првенство на САД

Постојат само четири тениски турнири кои го носат епитетот Гренд слем:

Секој од нив се одржува по еднаш во текот на календарската година. Во текот на одржувањето на овие турнири, тенисерите и тенисерките се натпреваруваат во поединечна конкуренција, но исто така и во парови, односно двојки (машки, женски и мешани).

Овие турнири се најважни во очите на тениската јавност а и бодовите што ги носат се вредносно најголеми. Истото важи и за наградниот фонд.

Доколку еден играч ги освои сите овие турнири во текот на една година, тогаш тој постигнува календарски гренд слем. Доколку ги освои последователно, но не во текот на една иста година (на пример, не го освои Австралијан Опен, но ги освои трите останати гренд слема, а следната година се закити со титулата на Отвореното Тениско Првенство на Австралија), тогаш играчот постигнува некалендарски гренд слем. Доколку пак ги освои сите турнири, иако не последователно, тој постигнува кариерен гренд слем.