Госно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Госно
Λαχανόκηποι
Госно is located in Грција
Госно
Госно
Местоположба во областа
Госно во рамките на Рупишта (општина)
Госно
Местоположба на Госно во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°27′N 21°13′E / 40.450° СГШ; 21.217° ИГД / 40.450; 21.217Координати: 40°27′N 21°13′E / 40.450° СГШ; 21.217° ИГД / 40.450; 21.217
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно105
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Госно (грчки: Λαχανόκηποι, Лаханокипи; до 1926 г. Γκόσνο, Госно[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 105 жители (2011), сочинето целосно од Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено околу 12 км југозападно од градот Костур, во близина на реката Галешово, на нејзината лева страна, на надморска височина од 670 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Госно било македонско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во селото Госно имало 152 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Госно живееле 240 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Госна се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[6]

Според грчки извори, во 1905 г. во Госно имало 200 жители „Грци“.[7]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 30 македонски семејства.[8]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 121 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 161.[3]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Госно имало 50 куќи на словени (Македонци) христијани.[3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Лаханокипи (Λαχανόκηποι).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува тутун и градинарски култури.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 121 жител, во 1920 година со 161 жител, во 1928 година со 196, во 1940 година со 264, во 1951 година со 270, во 1961 година со 265, во 1971 година со 184, во 1981 година со 215, а во 1991 година со 202 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 264 270 265 184 215 202 149 105
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Старичани, во кој влегуваат и селата Лудово и Старичани.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Госно

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Gkosinon -- Lachanokipoi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-09.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-09.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.180-181.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  7. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Laxanokipoi“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
  8. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 9.