Горски штаб на Крушевската востаничка околија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија или Горско начелство е највисоката востаничка раководна институција во Крушевско, по ослободувањето на Крушево, Штабот на чело со Никола Карев е највисоката извршна власт во прогласената Крушевска Република. Горското начелство било формирано на Смилевскиот конгрес, задожен е да раководи со востанието во Крушевскиот револуционерен реон, под негова команда биле сите востанички сили во Крушевско, а се потчинувал на Главниот штаб за II Битолски револуционерен округ. Во Горското начелство влегле Никола Карев, Тома Никлев, Тодор Христов - Офицерчето и Антигон Хаџов [1]. Горското начелство егизстирало до 12 декември 1903 година кога по наредба на Даме Груев и Главниот штаб биле растурени Горските начелства и нивните ингеренции биле вратени на раководните тела.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978

Литература[уреди | уреди извор]

  • Историја на Македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972