Горан Влаовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Влаовиќ
Лични податоци
Роден на 7 август 1972(1972-08-07)(51 г.)
Роден во Нова Градишка, СР Хрватска,
СФР Југославија
Висина 1,79 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2004
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1991 Осиек Осиек 24 (11)
1991–1994 Динамо Загреб Динамо Загреб 80 (59)
1994–1996 Падова Падова 50 (18)
1996–2000 Валенсија Валенсија 73 (17)
2000–2004 Панатинаикос Панатинаикос 64 (29)
Total 291 (134)
Репрезентација
1993 Хрватска Хрватска 21 2 (0)
2001 Хрватска Хрватска Б 1 (1)
1992–2002 Хрватска Хрватска 52 (15)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Горан Влаовиќ (Нова Градишка, 7 август 1972), e поранешен хрватски фудбалер.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Поранешниот хрватски национален фудбалски напаѓач играл за НК Осиек и Динамо Загреб во Хрватска, италијанска Падова, шпанска Валенсија и грчкиот Панатинаикос. За Динамо Загреб, во 81 натпревар, постигнал 61 гол. Со Динамо бил најдобар стрелец на хрватската фудбалска лига двапати во 1993 година и 1994 година, а постигнал 61 гол во генералниот пласман во ХНЛ. Во Шпанија ги освоил Копа дел Реј (1998/99) и Суперкуп де Еспања (1999) со Валенсија.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Првиот натпревар за хрватскиот фудбалски тим го одиграл против Австралија во 1992 година, на турнеја низ Австралија. За хрватската репрезентација, настапил на 52 натпревари и постигнал 15 гола. Тој настапил на Европското првенство во 1996 година во Англија и на Светското првенство во 1998 година во Франција и во 2002 година во Јапонија и во Јужна Кореја.

Во 2002 тој повторно бил на Светското првенство, но ги поминал сите 3 натпревари на клупата.

Признанија[уреди | уреди извор]

Поединечни[уреди | уреди извор]

  • Најдобар стрелец 1. ХНЛ во сезони 1992/93 (23 гола) и 1993/94 (29 гола).
  • Играч на годината во 1. ХНЛ во сезона 1992/93.

Клупски[уреди | уреди извор]

Динамо Загреб[уреди | уреди извор]

  • Првак на Хрватска 1992/93.
  • Хрватски фудбалски куп 1994 година.

Валенсија[уреди | уреди извор]

  • Куп на Интертото на УЕФА 1998 година.
  • Копа дел Реј 1998/99 година.
  • Шпански Супер куп 1999 година.

Панатинаикос[уреди | уреди извор]

  • Првак во Грција 2003/04.
  • Грчки куп 2004 година.

Репрезентативна[уреди | уреди извор]

  • Франција 1998 - Бронза
  • Како член на репрезентацијата, во 1998 година му била доделена државна награда за спорт „Фрањо Бучар“.