Гилотината претставува справа за извршување на смртна казна со која се отсекувала главата на осудените затвореници во Франција. Била воведена во 1792 во време на Француската револуција на предлог од страна на лекарот д-р Жозеф И. Гијотен. Прикажувањето на отсечени глави долго време било еден од најчестите начини на кои европските земји ја покажувале својата моќ на своите поданици.[1]