Германска комунистичка партија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Германска комунистичка партија
Deutsche Kommunistische Partei

Основана 1968, во Западна Германија
Идеологија Комунизам
Партиски бои Црвена
Весник unsere zeit
Веб-место http://www.dkp.de/

Германска комунистичка партија (германски: Deutsche Kommunistische Partei, DKP, ДКП) е германска левичарска политичка партија[1] основана во Западна Германија во 1968, со цел да се замени старата Комунистичка партија на Германија (KPD, КПД), којашто била забранета од Федералниот уставен суд во 1956. Во голема мера произлегла од екстрапаравоената опозиција. Партијата останува релативно мала, никогаш не освоила повеќе од 0.3% од гласовите во федералните избори. Многу членови на ДКП ја напуштиле партијата по обединувањето на Германија и се зачлениле во новоформираната Партија за демократски социјализам (PDS, ПДС), наследничка на западногерманската Партија за социјалистичко единство на Германија (SED, СЕД).

Во изборите од 2005 година, ДКП ја поддржувала Левата партија (Die Linke), наследничка на ПДС.

Има свој неделен весник, „Унсере цајт“ (unsere zeit).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Björn Hengst, Philipp Wittrock (19 February 2008). „Linke zeigt Kommunisten die Rote Karte“ (германски). Spiegel Online.