Герас (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Герас, детаљ од црвенофигурален сад, 480-470 г.п.н.е., Лувр

Герас (грчки: Γῆρας) во старогрчката митологија е бог на стареењето, на староста.[1] Тоа се сметало за доблест, зашто човекот колку повеќе стареел толку повеќе се здобивал со kleos (слава) и arete (совршеност и храброст).

Според Хесиод, Герас е син на Никта која го родила сама. Имено, кога титанот Крон го кастрирал својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес ги родила, по пат на партеногенеза, покрај Герас и: Мом (вината, критиката), Морос (судбината, проклетството), Танат (смртта), Хипнос (сонот), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилнaта смрт), Мојрите (судбината), Немезида (одмаздата), Апата (измамата), Филота (дружењето, нежноста) и Ерида (караницата, раздорот).[2] Хигинс, пак, додава дека нивни татко бил Ереб.[3]

Герас е претставуван како многу слаб, тенок, избразден од старост човек, обично нацртан на вазните и другите садови во антиката, заедно со Херакле, но митовите што ги инспирирале ови цртежи со него се сосема загубени.

Негова спротивност е божицата Хеба, божица на младоста.

Во римската митологија негов еквивалент е Сенект.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Зборот Γέρας значи грабеж или награда.
  2. Хесиод. Теогонија, 225.
  3. Хигинс, Почеток.