Георги Богданов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Богданов
Роден 1879
Велес, денес Македонија
Починал 12 јуни 1939
Софија, Бугарија

Георги Богданов е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Георги Богданов е роден во Велес, тогаш во рамките на Османлиското Царство. Основното образование го завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во оваа гимназија се запознава со анархистичките идеи на Гемиџиите и станува дел од нив.

Како деец на Гемиџиите учествува во Солунските атентати и на 29 април (нов стил) фрла бомба пред кафеаната Ноја. Уапсен е следниот ден. На судењето кажал информации со кои ги довел во неповолна ситуација останатите дејци.[3] Од специјален воен суд Богданов, заедно со Павел Шатев, Марко Бошнаков и Милан Арсов е осуден на смрт. Казната ја чекал во солунскиот затвор заедно со останатите атентатори, но таа им била преиначена во доживотен затвор и заедно со останатите преживеани гемиџии во 1905 година бил испратен на Фезан во Африка.

По Младотурската револуција бил помилуван и заедно со Павел Шатев се вратил во Македонија.

Во 1914 година Богданов влегол во Комитетот на дезеретерите кој се спротивставил на обидот на српските власти да мобилизираат Македонци во Првата светска војна.[4]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кратки биографии на атентаторите.
  2. „Мариан Гяурски, „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори". Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2011-01-22.
  3. Павел Шатев „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, глава 6.
  4. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 152.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје.
  • К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.
Гемиџии
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов