Галисија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположба на Галисија во Шпанија

Галисија[1]автономна заедница во Шпанија. На север граничи со Атлантски Океан, на југ со Португалија, на исток со Астурија и Кастиља и Леон. Зафаќа површина од 29.574 км2 и има 2,8 милиони жители. Главен град е Сантјаго де Компостела. Службен јазик покрај шпанскиот е и галисискиот, што некои го сметаат за дијалект на португалскиот поради нивната сличност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Правопис на македонскиот јазик (II. изд.). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. 2017. стр. 287. ISBN 978-608-220-042-2.