ГНУ/Линукс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тукс, маскотата на Линукс

ГНУ/Линукс е оперативен систем. Тој е брз, стабилен, безбеден и полн со можности. ГНУ/Линукс доаѓа со огромен број на апликации кои можете да ги користите во вашата секојдневна работа.

Најважната работа за ГНУ/Линукс е тоа што тој е Слободен Софтвер. Ова значи дека можете да го користите за каква било намена. Можете бесплатно да правите копии од софтверот и да им ги дадете на пријателите. Можете да го погледнете изворниот код на софтверот за да видите како тој работи или пак за да поправите некои грешки. Тоа се слободите кои доаѓаат со слободниот софтвер.