Второ трновско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Второ трновско востание

Ростислав Стратимировиќ
Датум 1686
Место Трново, Бугарија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Бугарски востаници Османлиско Царство
Команданти и водачи
Ростислав Стратимировиќ непознато
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Второто трновско востание претставува бугарско востание кое избувнало во 1686 година против османлиската власт во Бугарија. Востанието избувнало во Трново, а на чело на востанието бил Ростислав Стратимировиќ.

Во 80-тите години на 17 век во Бугарија се создале поволни услови за избувнување на востание. Во 1683 година, околу 200.000 војници на Османлиското Царство тргнале кон Виена за зазимање на градот. По неуспешниот обид на Османлиите, кон христијанскиот сојуз се приклучиле Полска, Венеција а подоцна и Русија. Во 1686 година била создадена Света лига која повела кампања за протерување на Османлиите од Средна Европа и Балканот.

Оваа присуство на христијанскиот сојуз на Балканот ги принудила на Бугарите да организираат востание во Трново. Целта била со поддршка од Русија да се порази Османлиското Царство на овие простори. Ростислав Стратимировиќ, кој се претпоставува дека бил потомок на Јован Страцимир, бил испратен во Москва, каде добил поддршка од страна на московскиот патријарх Јоаким III.

Востанието избувнало во 1686 година во Трново. Веднаш по ова била испратена османлиската армија за задушување на востанието. Водачите на востанието пристигнале по избувнувањето му, заедно со околу 4000 војници. По линијата Трново-Софија се воделе неколку битки, во кои христијаните биле поразени.