Вити Леву

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вити Леву
Мапа на Вити Леву
Географија
МестоТихи Океан
Координати17°48′S 178°0′E / 17.800° ЈГШ; 178.000° ИГД / -17.800; 178.000
АрхипелагВити Леву група
Површина10.388 км2
Подреденост по површина75ти
Највисока точкаТоманиви
Управување
Фиџи
ДивизијаЗападна Дивизија и Централна Дивизија
Најголема населбаСува (pop. 77,366)
Демографија
Население600,000
Густина55,83 /km2 (14.460 /sq mi)
Етнички групиФиџијанци (54.3%), Фиџи индијци (38.1%) Други (Азијци, Европејци, Други (Океаници) (7.6%)

Вити Леву е најголем остров во Фиџи, остров на кој се наоѓа главниот град на Фиџи, Сува, и дом на голем број од популацијата на Фиџи.

Географија и економија[уреди | уреди извор]

Топографија на Вити Леву
Плажата Коротого

Најголемиот остров, Вити Леву е дом на 70% на населението на Фиџи (околу 600,000) и е центар на целиот фиџиски архепелаг. Островот е долг 146 километри и широк 106 километри и зафаќа површина од 10,389 км2.[1]

Геолозоите веруваат дека островот во минатото бил поплавуван многупати, и бил покриен со лава и други вулкански материјали. Поради земјотереси и вулканси ерупции островот е нерамен, и е поделен на две еднакви половини од север на југ.

Источната страна на островот е подложна на големи дождови, додека пак западната страна е значително посува. Па така, производството на шеќерна репка успева на западната страна, додека пак на источната страна успева млечната индустрија.

Островот е познат како дом на најголемите бубачки во светот.

Локалитети[уреди | уреди извор]

На островот Вити Леву се наоѓа главниот град на Фиџи, Сува, и е дом на речиси три-четвртини од населението во републиката (околу 580,000). Други познати градови, сите околу крајбрежјето, се: Ба, Лаутока, Нади, Наусори, Ракираки, и Сигатока.

Познати знаменитости на островот се: плажата Натадолија и одморалиштето на тихиот океан кое е оддалечено 50 километри од градот Сува.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. UNEP Islands Directory Архивирано на 3 април 2012 г. (Англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]