Вилијам Реилтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилијам Реилтон
Роден(а)~1801
Починал(а)1877
НационалностАнгличанец
ЗданијаНелсонов столб

Вилијам Реилтон (англ. William Railton), (~18011877) е англиски архитект. Конструирал разни велепоседнички домови, а во периодот помеѓу 1838 и 1848 г. работел како архитект кај Црковните комесари, но неговите дела не биле прифаќани.[1] Освоил четврта награда на конкурсот за Вестминстерската палата, но постигнал успех со тоа што го освоил првото место на конкурсот за ликовно решение на Нелсоновиот столб на плоштадот Трафалгар.[1] Конструирал разни цркви како Св. Павле во Вудхаус Ивс[2] и Света Троица во Минвуд, Лидс (1849).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Оксфордски речник на националната биографија, проверено на 9 јануари 2009 (англиски)
  2. Околиски совет на Чарнвуд Архивирано на 1 декември 2008 г. - Заштитени градби во Будхаус Ивс (1837) (англиски)
  3. Света Троица - Минвуд (англиски)