Википедија:Прегледнички предлошки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:ПП
Најважното од страницава: Прегледничка предлошка е предлошка што групира повеќе статии од една тематика. Постојат два вида вакви предлошки: прегледнички кутии (прегкутии) и страничници.

Прегледничка предлошка (порано: навигационен шаблон) — збир врски што се користат во низа сродни статии за олеснување на преоѓањето од една на друга. Уредувањето на предлошката се прави од едно место — предложната страница.

Постојат два основни вида прегледнички предлошки: прегледнички кутии (или прегкутии) — предвидени да стојат на дното од статијата и страничници — наменети да стојат странично од текстот. Овие два вида се надополнуваат и може да се користат посебно или заедно, зависно од случајот.

Тие се создаваат со матичните предлошки {{прегкутија}} или {{страничник}}, што давааат доследен и еднообразен распоред. Друг начин на ставање на дадена прегледничка предлошка е со нејзино прекопирање од друг јазик (друго вики) и преведување на внесените поими (десно од параметарскиот знак „=“).

Прегледничките кутии се заведуваат во Категорија:Прегледнички кутии.

Двата главни вида на прегледнички предлошки се прегкутии и страничници. Имаат иста цел, но разлижна положба во статијата.

  • Прегкутии или прегледнички кутии се наменети за подножјето на страницата, под вообичаените прилози на статијата (најдолу) и имаат хоризонтален облик. Се создаваат со предлошката {{прегкутија}}. Еве еден пример за прегкутија:



  • Страничниците се наменети да седат странично, заедно со другите содржини, било каде на страницата (најчесто десно), исто како инфокутиите, но се вертикални по облик. Се создаваат со предлошката {{страничник}}. Десно е прикажан пример:

Двата вида прегледнички кутии не се косат меѓу себе, туку можат да се надополнуваат или користат поединечно во разни ситуации. Главните разлики меѓу нив се следниве:

  • Прегкутиите се хоризонтални и се пожелни кога во нив има многу врски во помал број на поткласи. Може да се користат повеќе прегледнички кутии неднаш во една статија, и во тој случај тие се склопуваат за да не зафаќаат место, а се отвораат со копче горе десен агол („сокриј“/„прикажи“).
  • Страничниците се исправени и стојат релативно истакнато во самата содржина на статијата заедно со текстот итн. Наменети се за помал обем на релевантни врски, и затоа во нив не смее да има споредни информации. Само мал број статии имаат повеќе од еден страничник.

Поврзано[уреди извор]