Вермут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шише вермут

Вермут — посебно ароматизиран пијалак којшто се произведува од вино (винскиот дел не би требал да биде помал од 60 %), екстракти од ароматични треви (најчесто пелин), алкохол и шеќер. Вермут е вид на вино во кое се додаваат билки за да се подобри вкусот на виното. Во себе има помеѓу 15 и 18 % алкохол. Се користи како состојка на различни коктели, но и како замена за бело вино во кулинарството.

Историја[уреди | уреди извор]

Вермутот првпат е направен во Италија во 18 век, а од 19 век се произведувал и во Франција. Од видовите вина, составот на тревата и количината на додадениот шеќер зависи дали ќе се произведе бел, розов или црвен, горчлив, сув или сладок.[1] Почетокот на производството на ваквите пиења се поврзува со името на грчкиот лекар Хипократ. Според долгата традиција за овие производства зборувале Цицерон и Плиниј зборувајќи за „absinthianum vinum“. Подоцна, општоприфатено име на овој пијалак е од германскиот збор wermuth, од каде преку францускиот vermouth преоѓа во италијанскиот vermut.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Шта је вермут?“.

Литература[уреди | уреди извор]