Велин Алајков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велин Алајков
Роден 1882
Богослов, Бугарија
Починал 17 ноември 1922
Ќустендил, Бугарија

Велин Алајков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Алајков е роден во 1882 година во ќустендилското село Богослов. Учи во своето родно село, а подоцна во железарското училиште во Самоков, каде што учествува во тајниот револуционерен кружок „Трајко Китанчев“, под раководство на Никола Дечев. Пред да заврши училиште, во пролетта 1900 година, Алајков влегува во гевгелиската чета на Аргир Манасиев. Во 1902 година Алајков е четник во Кратовско при Димче Берберчето, а во 1904-1905 е во Кочанско со четата на Крсто Б'лгаријата. Бил комита и во четите на Аргир Манасиев и Петар Ангелов.[1] Кон крајот на 1906 година Алајков се враќа во Бугарија и се вработил во бугарската армија. Завршува подофицерската школа во Софија и е промовиран во чин постар подофицер. Учествува во Балканските војни и е награден со два ордена "За храброст".

По Првата светска војна се населил во Ќустендил и се вклучува во дејноста на обновена од Тодор Александров - ВМРО, станува пунктовен началник во Ќустендил, одговорен за вооружувањето, снабдувањето и испраќањето на четите за Вардарска Македонија. Во 1921 година Алајков е избран на претседател на Сојузот на резервите подофицери во Ќустендил. Алајков учествува во преговорите помеѓу ВМРО и земјоделската влада на Александар Стамболиски, но во текот на преговорите, на 17 ноември 1922 година, е убиен од деец на Македонската федеративна организација, Григор Циклев. Како резултат на убиството на Алајков, ВМРО ја извршила т.н. Ќустендилска акција [2][3][4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2
  2. „Биографични данни от библиотека на ВМРО-София“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2011-09-04.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.
  4. Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр. 109