Васил Рингов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Рингов
Лични податоци
Полно име Васил Рингов
Роден на 17 април 1955(1955-04-17)(69 г.)
Роден во Струмица, НР Македонија, ФНР Југославија
Позиција среден ред
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1973–1975 Партизан Белград 2 (0)
1975–1977 Тетекс 45 (16)
1977–1983 Вардар 154 (69)
1983–1984 Динамо Загреб 12 (3)
1984–1986 Вардар 56 (23)
1985–1986 Ајнтрахт Брауншвајг 4 (0)
1986–1987 Вардар 4 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Васил Рингов (р. 17 април 1955) — поранешен македонски и југословенски фудбалер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Струмица (СР Македонија, СФР Југославија), тој се смета за еден од најдобрите македонски фудбалери досега, заедно со победникот на „ Златната копачка “, Дарко Панчев. Тој започнал да игра додека сè уште бил тинејџер за Беласица Струмица, каде што после тоа се преселил во белградскиот гигант Партизан, но откако не добил многу шанса во Белград, се преселил во втората југословенска лига во тимот на Тетекс каде подоцна ќе стане главна ѕвезда на клубот. После две години, тој го привлекол вниманието на другиот македонски клуб во Втората лига, скопски Вардар. По одиграни две сезони, Вардар со помош на Рингов се вратил во Југословенската Прва лига каде ќе настапува во текот на поголемиот дел од осумдесеттите. Тој станал главен играч во клубот, настапувајќи до 1986 година на повеќе од 200 лигашки натпревари и постигнувајќи 93 лигишки голови. Во Скопје Рингов го одиграл најголемиот дел од својата кариера, со исклучок на кратката полусезонска магија во Динамо Загреб, а близу крајот на неговата играчка кариера, уште една полусезонска магија, овој пат во втората бундес лига во тимот на Ајнтрахт Брауншвајг.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ringov, Vasil“ (германски). kicker.de. Посетено на 4 May 2013.