Темата била основана набрзо после 743, а пред 767 година, од страна на римскиот цар Константин V (741–775), по задушувањето на буната на Артавазд, против императорот и комесот на Опсикија. Новата тема, заедно сп Оптиматија, настанала со издвојување од Опсикија. Нова темата името го добила по римската букеларија, елитни коњички трупи со готско и римско потекло, кои извршувале задачите на телохранители. На почетокот на 7 век биле формирани елитни дивизии кои се настаниле на просторот на Опсикија, под команда на доместик. На овие простори во средината на 8 век била создадена Букеларија. Стратегот на оваа тема прв пат се споменува во изворите во 767 гоидна, но темата сигурно е формирана порано. Нејзино седиште била Анкара, некогашниот центар на Опсикија. Стратегот на Букеларија, според арапските географи, командувал со војска од 8.000 луѓе. Покрај коњицата, Букеларија, како и подоцнежната тема Пафлагонија, имала и мала флота на чело со „катепан на Букеларија и Пафлагонија“, чиј печат од 10 век бил зачуван. Темата Букеларија постоела до Bитката кај Манцикерт во 1071 година, кога овие простори ги освојуваат Селџуците.
Gyftopoulou, Sofia; Velentzas, Georgios (24. 5. 2005). „Theme of Boukellarion (Βουκελλαρίων Θέμα)“. Encyclopedia of the Hellenic World, Asia Minor. Foundation of the Hellenic World. Архивирано од изворникот на 11. 8. 2011. Посетено на 7. 10. 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archivedate= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)