Бугарско општество

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бугарско општество била бугарска емигранска политичка организација, основана во Букурешт (Романија) во јуни 1868 година [1].

Бугарското општество се јавува како продолжение на ТБЦК во Букурешт. Во создавањето учествуваат и дејци на Добродетелната дружина. Меѓу членовите се Иван Касабов (секретар), Димитар Ценович, Константин Чокан, Спиро Константинов и др. Печатен орган на организацијата е весникот "Народност". Во својата работа организацијата ги продолжува политичките позиции на ТБЦК и го помага бугарското револуционерното движење. Значаен е нејзиниот придонес за вооружувањето на четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа, четата на Филип Тотју (не преминува во бугарски) и дава парична помош на Васил Левски за да ја започне својата прва обиколка низ бугарските земји. Поради несогласувањата во редовите на организацијата, во почетокот на 1869 година таа постепено ја прекинала работа.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николова, В., Куманов, М., Кратък исторически справочник на България, Издателство „Народна просвета“, С., 1983, с. 120-121