Бродолом на животот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бродолом на животот – американски филм, во режија на Роберт Земекис. Главните улоги ги толкуваат Том Хенкс, Пол Санчес и Лари Вајт.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Чак Ноланд (го игра Хенкс) е врвен професионалец, вработен во фирмата „Федекс“, така што често патува по светот. Неговиот брз живот ќе биде прекинат кога паѓа авионот со кој лета на една работна задача. Чак успева да преживее, но останува сам на еден далечен остров, отсечен од цивилизацијата и без можност да се спаси.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Бродолом на животот“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 17.