Браќа Лимиер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Браќата Огист и Луј Лимиер
Изумители на филмот
Роден(а)
  • Огист Мари Луј Никола Лимиер
  • Луј Жан Лимиер

  • Огист: 19 октомври 1862(1862-10-19)
  • Луј: 5 октомври 1864(1864-10-05)

Безансон, Франција
Починал(а)
  • Огист: 10 април 1954(1954-04-10) (возр. 91)
  • Луј: 6 јуни 1948(1948-06-06) (возр. 83)

ПочивалиштеNew Guillotière Cemetery (location A6)
Алма матерЛа Мартиниер Лионг
Занимање
Родители
  • Шарл-Антоан Лимиер (1840–1911)
  • Жан Жозефин Костиј Лимиер (1841–1915)
НаградиМедал Елиот Кресон (1909)

Браќата Лимиер (француски изговор: [lymjɛːʁ]) brothers, Огист Мари Луј Никола [oɡyst maʁi lwi nikɔla] (19 октомври 1862, Безансон, France – 10 април 1954, Лион) и Луј Жан [lwi ʒɑ̃] (5 октомври 1864, Безансон, Франција – 6 јуни 1948, Бандол),[1][2] биле меѓу првите режисери во историјата Тие во 1895 патентирале нивна верзија на подобрениот кинематограф претходно патентиран од страна на Леон Гијом Були во 1892[3], кој за разлика од кинетоскопот на Томас Едисон овозможувал симултано гледање од повеќемина.

Историјат[уреди | уреди извор]

Родната куќа на браќата Лимиер во Безансон

Браќата Огист и Луј Лимиер се родени во Безансон,во Франција, во семејство кое се занимавало со фотографија, па уште од мали имале склоност за развој во таа насока. Браќата студирале природни науки, Огист, хемија, а Луј, физика, па поради тоа добро се надополнувале. Огист на прво место ја ставал хемијата, а Луј техниката на снимање.

Во татковата фабрика темелно ги совладале лабораториските процеси, а во 1894 година се запознале со Едисоновиот кинетоскоп, таканаречен „кино за еден гледач“, па решиле да го усовршат. Тие сакале подвижните слики да ги прикажат на што е можно поголем број гледачи и да постигнат комерцијален успех. Разгледувајќи ги трудовите на своите претходници, Луј дошол до сопствени сознанија, па по негови упатства Моисон, главниот механичар во нивната фабрика за фотоапарати, ја направил првата филмска камера.

Од Едисон ја преземал лентата од 35 мм. но ги користел и знаењата од белгискиот научник Жозеф Плато па брзината на снимањето ја намалил на 16 сликички во секунда, бидејќи сфатил дека, всушност толку сликички е потребно во секунда за во човековото око за да се произведе ефект на природно движење. Пронајдокот на браќата Лимиер не служел само за снимање, туку и за копирање материјали и проекции и претставува голем напредок во развојот на кинематографијата со тоа што сега можеле повеќе луѓе да гледаат филмови додека кинетоскопот бил ограничен на само една личност.

Прв филм[уреди | уреди извор]

Браќата својот изум го патентирале на 13 февруари 1895 година[4], а првиот филм Излегувањето на работниците од фабриката Лимиер прикажан е со цел демонстрација на изумот на 22 март 1895 година на конференцијата за унапредување на фотографската индустрија во Франција пред публика која броела 200 луѓе.

Прва филмска проекција[уреди | уреди извор]

На 28 декември 1895 година во Салон Индиен де Гранд Кафе во Париз тие приредиле комерцијална кинопродукција[5] која се смета за прва таква во историјата. Тогаш во индискиот салон во придружба на пијанист се прикажале десет кратки филмови, вклучително нивниот прв филм Излегувањето од фабриките Лимиер во Лион (фр. Sortie des Usines Lumière à Lyon) .[6].

Филмот Излегувањето од фабриката Лимиер во Лион (La Sortie de l'Usine Lumière à Lyon) 1895
  1. Излегувањето од фабриката Лимиер во Лион), 46 секунди
  2. Градинарот, 49 секунди
  3. Заминување од конгресот за фотографија во Лион, 48 секунди
  4. Акробција на коњ, 46 секунди
  5. Ловење црвени риби, 42 секунди
  6. Ковачи, 49 секунди
  7. Бебешки оброк, 41 секунди
  8. Скокање во ќебе, 41 секунди
  9. Плоштадот во Лион, 44 секунди
  10. Морето, 38 секунди

Луј Лимиер тие филмови ги снимил така што ја зајакнал нивната реалистичност. Глетката на која воз влегува на станица во филмот Пристигнување на воз на станица (фр. L'Arrivée d'un train en gare de La Ciotat) бил толку силен и впечатлив што некои гледачи избегале мислејќи дека, возот ќе ги прегази. На првата проекција присуствувале 120 гледачи, а должината на прикажаните филмови не преминувала една минута ( толку материјали можело да се снимат на касета која содржела 17 метри целулоидна филмска лента).

Кинематографот[уреди | уреди извор]

Првобитен назив на уредот бил кинетоскоп за проекција (Cinetoscope de projection), но, уредот бил брзо преименуван во кинематограф (Cinematographe) за да не се меша со Едисоновиот кинетоскоп.

Кинематографот Лимиер во Лимиер Институтот, Франција

Етимологијата на зборот кинематограф доаѓа од грчкиот израз κίνημα / kínēma што значи „движење“ и γράφειν / gráphein, „пишување“. Машината била практична, лесна и лесно пренослива, па набрзо стекнала голема популарност. До јануари 1896 година веќе биле произведени околу двесте такви уреди. Благодарение на фотографското искуство, Луј сите филмови внимателно ги изработил, водејќи сметка за композицијата, кадрирањето и светлото. Сликите од животот ги сликал со фиксирана, статична камера, а често користел и метод на „скриена камера“, потпирајќи се на глумци, декор, костими и шминка, па со таквиот пристап ги поставил темелите на документарниот филм. Со филмот Пристигнување на возот на станица ги содржи сите филмски планови, а снимателите ги познавале и наједноставните форми на монтажа.

Браќата Лимиер станале професионални сниматели низ целиот свет, не само за да го претстават кинематографот, туку и да снимат сцени од славни места. Некои од нив заслужни се за откривање на разни снимателски постапки, особено е важно е Промиовото искуство за возењето на камерата. Враќањето на филмската лента наназад во филмот Рушење на ѕидот започнува времето на филмските трикови (срушен ѕид со таа постапка се враќа во својот првобитен изглед).

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

Во чест на Огист и Луј Лимиер, поставена е ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Браќата Лимиер не можеле да се прилагодат на брзината и експанзивност развој на филмската техника и не знаеле да ја ускладат својата работа со желбите на публиката која веќе по година и пол фасцинираност од документарните филмски искази фасцинацијата ја заменила со фикцијата и апстрактните приказни.

Бидејќи публиката го загубила интересот за кратки репортажни филмови снимени без духовитост, браќата се откажале од снимањето филмови и работа на тоа подрачје го препуштиле на други. Огист се посветил на медицината, а Луј продолжил да се занимава со истражување на подрачјето на релјефните платна, бои и широкото платно. 1919 година бил избран за член на Француската академија, 1946 година на француската кинотека и доверил околу 1800 свои филмови, од кои 60 од нив сам ги режирал.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Louis Lumière, 83, A Screen Pioneer. Credited in France With The Invention of Motion Picture“. The New York Times. 7 June 1948. Посетено на 29 April 2008.
  2. „Died“. Time. 14 June 1948. Архивирано од изворникот на 2009-01-14. Посетено на 29 April 2008. Louis Lumière, 83, wealthy motion-picture and colour-photography pioneer, whom (with his brother Auguste) Europeans generally credit with inventing the cinema; of a heart ailment; in Bandol, France.
  3. "Brevet FR 219.350". Cinematographes. Retrieved 13 November 2013.
  4. "Brevet FR 245.032". Cinematographes. Retrieved 12 November 2013.
  5. 28 December 1895.
  6. "La première séance publique payante", Institut Lumière Архивирано на 12 септември 2005 г.