Бохајско Море

Координати: 38°43′N 119°54′E / 38.72° СГШ; 119.90° ИГД / 38.72; 119.90
Од Википедија — слободната енциклопедија

38°43′N 119°54′E / 38.72° СГШ; 119.90° ИГД / 38.72; 119.90

Карта на Бохајското Море и околината

Бохајското Море (кин. 渤海, пинјин: Bó Hǎi), наречено и Бохајски Залив е највнатрешната заливска област на Жолтото Море, околу крајбрежјето на североисточна Кина. Зафаќа површина од околу 78.000 км2 и претставува една од најпрометните водни површини во светот поради релативната близина до Пекинг.

Местоположбата на Бохајското Море

Историја[уреди | уреди извор]

Сè до почетокот на XX век, заливот се нарекувал Чили (直隸, Zhílì) или Печили 北直隸, Běizhílì). Ова се имиња на некогашните покраини во областа.

Географија[уреди | уреди извор]

Бохајското Море се граничи со полуостровите Љаодунг и Шандунг. Во последно време ова е еден од најпрометните морски патишта во светот. Бохајското Море има три помали залива: Лајџоу (јужно), Љаодуншкиот Залив (северно) и истоимениот Бохајски Залив (западно).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]