Борови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борови
Pinus sylvestris или бел бор
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Иглолисни
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Lindley, 1836.
Потсемејства и родови

Потсемејство Pinoideae
    Pinus - бор (со околу 115 видови)
Потсемејство Piceoideae
    Смрча - смрча (со околу 35 видови)
Потсемејство Laricoideae
    Cathaya - катаја (еден вид)
    Larix - ариш (~ 14 вида)
    Pseudotsuga - дуглазија (5 вида)
Потсемејство Abietoideae
    Pseudolarix - златен ариш (1 вид)
    Abies - ели (~50 вида)
    Cedrus - кедар (2-4 вида)
    Keteleeria - кетелерија (3 вида)
    Nothotsuga - лажна цуга (1 вид)
    Tsuga - тиса (9 вида)

Женска шишарка од смрча (Picea abies)

Боровите (науч. Pinaceae) — семејство на растенија во редот Боровидни. Многу видови од ова семејство се важни извори на дрво и дрвна каша. Некои видови се одгледуваат како украсни растенија, додека некои образуваат важни растителни заедници.

Опис[уреди | уреди извор]

Со исклучок на листопадниот ариш (Larix) и златниот ариш (Pseudolarix amabilis), оваа група обединува зимзелени дрвја, а поретко и грмушки. Најголемите дрвја од ова семејство се дуглазијата (Pseudotsuga menziesii, односно Pseudotsuga menziesii var menziesii: "Red Creek Fir") со големина од 73,8 м и пречник на стеблото од 4,02 m,[1] која расте на островот Ванкувер во Британска Колумбија и ситканската смрча (Picea sitchensis ) со големина од 70 м и пречник на стеблото до 3 м (кај Квитс Ривер, Олимписки национален парк, Вашингтон). Едно од најдолго живеечките дрвја е Pinus longaeva (за еден примерок од Невада се смета дека е стар 5000 години). Сите дрвја од семејството содржат смола и имаат ароматичен мирис. Кората, во зависност од видот, може да биде мазна, лушпеста или крзнеста.

Корењата се најчесто задрвенети, а присутни се и фиброзни корења. Дрвенестите корења се заменуваат најдоцна до една година. Некои видови формираат ектомикориза.

Игличестите лисја се спирално распоредени или се во снопчиња. Листовите кај потсемејството Abietoidae (со родовите Abies, Picea и Pseudotsuga) се наоѓаат на долги дршки; кај потсемејството Laricoidae (со родовите Larix и Cedrus) тие се сместени на кратки или долги дршки, додека кај Pinoidae (со единствениот род Pinus) листовите се на долги дршки кај младите растенија, а потоа се прередуваат на кратки.

Шишарки, „цветови“ и семиња[уреди | уреди извор]

Сите видови на борови се еднодомни растенија. Тие носат машки шишарковидни „цветови“ кои се наоѓаат на кратки дршки и стојат на една оска. Содржат многу прашници. На својата долна површина, овие прашници носат две поленови торбички. Од надворешниот слој на поленот (ектегзина) се создаваат две воздушни торбички. Поленот се произведува во многу големо количество и се распространува со ветрот (анемофилија). Зрелиот полен кај боровите се состои од четири клетки: две проталиумови клетки, поленова цевка и генеративна клетка. По опрашувањето, поленовата цевка и генеративната клетка образуваат стем-клетка и две спермални клетки.

Женските шишарки се хомологни со соцветијата на скриеносемените. Женската шишарка се состои од задрвенета семена површина во чија основа се наоѓаат семенови зачетоци. Секоја семена лушпа претставува повеќе или помалку слободен прицветен лист. Според ова, една семена лушпа би била хомологна со изменетите кратки изданоци. Боровите градат шишарки во кои созрева семето. Меѓу опрашувањето и оплодувањето има одреден период кој зависи од видот (кај борот и до една година).

Најчесто се формираат 2-15 (ретко и до 24) котиледони.

Хромозомскиот број од 2n = 24 е речиси секогаш константен.

Класификација[уреди | уреди извор]

Во семејството спаѓаат следниве родови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]