Борис Тадиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Тадиќ

Борис Тадиќ (српски: Борис Тадић; р. 15 јануари 1958 во Сараево) — српски политичар и поранешен претседател на Србија. По професија е психолог и е водач на Демокртската партија. Тадиќ бил избран на петгодишен мандат на 27 јуни 2004 година, а положил заклетва на 11 јули 2004 година. Тој бил повторно избран на 3 февруари 2008 година на петгодишен мандат, а заклетвата ја положил на 15 февруари. Пред да стане претседател на Србија Тадиќ бил министер за телекомуникации на Сојузна Република Југославија и првиот министер за одбрана на Србија и Црна Гора.

Борис Тадиќ се залага за целосна интеграција на Србија во Европската Унија, но исто така верува дека Србија може да се приклучи на ЕУ единствено ако се почитува територијалниот интегритет на Србија со суверенитетот над Косово. Тој се смета за прозападно ориентиран водач, но кој се залага за добро избалансирани односи со Русија САД и ЕУ.

Потеклo[уреди | уреди извор]

Борис Тадиќ е роден во Сараево, главниот град на Народна Република Босна и Херцеговина, република во рамките на Федеративна Народна Република Југославија. Неговиот татко, Љубомир, е филозоф и член на Српската академија на науките и уметностите, а неговата мајка, Невенка, е психолог. Неговиот дедо, од страна на мајка му, и уште шест други роднини биле убиени од страна на хрватскиот усташки режим за време на Втората светска војна во концентрациониот логор Јасеновац.[1]

Фамилијата Тадиќ се потомци на српскиот клан на стара Херцеговина во Пива и ја слават куќната слава Свети Јован.[2] Неговите родители често се селеле во различни градови и се преселиле од Париз во Сараево, каде што ги завршиле нивните докторски студии, само неколку дена пред неговото раѓање. Семејството на Тадиќ се преселило во Белград кога тој имал три години и неговиот татко се вработил во весникот Ослбодување.[3][4]

Тадиќ завршил основно училиште во „Пера Поповиќ Ага“ (денес „Михајло Петровиќ Алас“)[5] и се запишал во Прва Белградска гимназија во Дорчол, населба во Белград. За време на тинејџерските години тој играл ватерполо во В.К. Партизанн, но поради повреди морал да прекине. Тој дипломирал на Универзитетот во Белград на Филозофскиот факултет со диплома по психологија, поконкретно социјална психологија во одделот за клиничка психологија.

Тадиќ бил уапсен за време на неговите студии поради учество во демонстрации, барајќи уапсените студенти да бидат ослободени од притвор, и поминал еден месец во казнено-поправниот затвор во Падинска Скела.[6][7]

Тој работел како новинар, воен клинички психолог и како наставник по психологија во Првата Белградска гимназија.[5] До 2003 година Тадиќ исто така работел во Факултетот за драмски уметности при Белградскиот Универзитет како лектор по политичко рекламирање.

Политичка кариерa[уреди | уреди извор]

Тадиќ се приклучил на Демократската партија, основана во 1990год. Демократите освоиле седум места во националното собрание таа година. Во 1998год. Борис Тадиќ бил основач на Центарот за модерни вештини. Центарот за модерни вештини е невладина организација која се занимава со политичко и граѓанско образование и со развојот на политичката култура и дијалог.[8]

Демократската партија била дел од Демократската опозиција на Србија која одиграла клучна улога во соборувањето на Слободан Милошевиќ во 2000год. Тадиќ бил два мандати заменик-водач на Демократската партија пред да биде избран за нов водач во 2004година по смртта на Зоран Џинџиќ.

Тој бил министер за телекомуникации во Сојузна Република Југославија во 2004година и министер за одбрана од 17 март 2003год. сè додека не ја започнал својата претседателска кампања. Тој работел како пратеник на Демократската партија, а подоцна и како заменик-претседавач во парламентот. Во 2003год. бил и водач на Демократската опозиција на Србија, коалиција во Парламентот на Србија и Црна Гора, и во 2004година водач на Демократската партија во Парламентот на Србија. Како пратеник бил член на парламентарната комисија на науката и технологијата. Атентатот на Зоран Џинџиќ, во март 2003година, довел до конвенција на раководството на Демократската партија во 2004година, на која Тадиќ го победил Зоран Живковиќ.[9] Тој бил повторно избран во редовна водачка конвенција во 2006год.

Претседател на Србија во рамките на државната заедница ( 2004-2008)[уреди | уреди извор]

Тадиќ како нов водач на Демократската партија бил избран за кандидат на претседателските избори. Тадиќ го победил Томислав Николиќ од Националистичката радикална партија во вториот круг на претседателските избори во 2004година со 53% од гласовите. Тој бил инаугуриран на 11 јули истата година.[10]

На 1 декември 2004година претседателската моторизирана придружба на Тадиќ била вмешана во судир во сообраќајот. Мирослав Кимпл, србин вработен во американската амбасада, повеќепати го удирал своето возило во претседателската придружба, иако возилото на преседателот не било лично засегнато. Кимпл избегал од местото на настанот, но подоцна бил уапсен откако владата на Србија се пожалила на амбасадата. Подоцнежната истрага заклучила дека Кимпл немал намера да го повреди Тадиќ и дека тој возел под дејство на алкохол.

Јавноста го поврза овој инцидент со сличен настан во февруари 2003год. кога Дејан Миленковиќ – Багзи извршил обид за убиство врз тогашниот премиер Зоран Џинџиќ со удирање на неговото возило со камион на автопатот. На 6 декември 2004год. Борис Тадиќ упатил извинување во Босна и Херцеговина од името на српскиот народ до сите оние кои биле жртви на воени злосторства.

Како претседател Тадиќ води прозападна надворешна политика.

На 28 септември 2005год. тој се состанал со папата Бенедикт XVI во Ватикан, што го прави прв српски претседател примен во посета на папата. Посетата помогнала во подобрувањето на заладените католичко-православни односи.

Во 2006год. во Црна Гора Тадиќ претседавал за време на референдумот за независност. Тој бил првиот странски шеф на држава во посета на Црна Гора откога таа станала независна на 8 јуни, ветувајќи дека ќе продолжат пријателските односи. Исто така и Србија прогласи независност и Тадиќ присуствувал на првото подигнување на знамето на Србија во Њујорк, седиштето на Обединетите нации.[11]

Тадиќ учествувал во настаните одбележани по повод 50-годишнината од унгарската револуција, откривајќи ја спомен плочата во чест на Имре Наѓ со премиерот Ференц Џурчањ во амбасадата на Србија во Будимпешта. На 22 јуни 2007год. во Белград Тадиќ претседавал на 1000 состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа..

Во 2007 г. тој упатил извинување до Хрватска за сите извршени злосторства за време на војната од името на Србија.

На Тадиќ му била доделена ,,Европската награда за политичка култура’’ од страна на Швајцарската Фондација ,,Hans Ringier’’ од издавачката куќа ,,Ringier’’ во Локарно на 4 август 2007год. Претходно таа му била доделена на Жан-Клод Јункер. Тадиќ одлучил финансискиот дел од наградата да го донира во хуманитарни цели за породилиште во близина на градот Грачаница. Во истата година, на 6 септември заедно со Милорад Додиќ и Воислав Коштуница бил потписник на договорот што доведе до формирање на Советот за соработка помеѓу Србија и Република Српска.

Во септември 2007 година, тој се состанал со Сумитака Фуџита, главен финансиски директор на корпорацијата ,,Itochu’’, со цел да преговара за донација од Официјалната помош за развој, која би била искористена за изградба на нов мост на реката Дунав во Белград. Спротивно на неговата претходна одлука на косовските парламентарни избори во 2004година, Тадиќ изјави дека нема право да ги повика Србите на Косово да гласаат на парламентарните избори на Косово во 2007година, бидејќи барањата за кои се залагал во 2004год. не биле исполнети. Тој изјави дека поранешните и сегашни терористи кои избегале од затвор во Косово во септември 2007 година, се наоѓаат во северните региони на Република Македонија. Според него, терористите планираат нови напади на општините во јужна Србија, со цел да започне нов конфликт на Прешевската долина. Во крајот на 2007 година, тој изјави дека Србија не го поддржува распадот на Босна и Херцеговина и дека, како гарант на Дејтонскиот договор, кој донесе мир во Босна, го поддржува нејзиниот територијален интегритет. Тадиќ, исто така, рече дека Србија го поддржува интегрирањето на Босна во Европската Унија. Заедно со тоа, тој го поддржува вклучувањето на Босна во воената организација НАТО. На 13 јануари 2008 година, Тадиќ најави пакет од 7,5 милијарди динари за модернизација на српската армија од Националниот инвестициски план за да се вклучи купувањето на комуникациска опрема и генерален ремонт на воздухопловните сили.

Кампањата за повторен избор[уреди | уреди извор]

Борис Тадиќ се залагаше за предвремени претседателски избори, што се бара под уставното право по донесување на новиот Устав на Србија, по успешниот уставен референдум во октомври 2006 година. На 13 декември 2007 година, говорникот на парламентот, Оливер Дулиќ, го одредил датумот на изборите за 20 јануари 2008 година. Демократската партија официјално ја поднесе кандидатурата на нивниот водач на Републиканската изборна комисија на 21 декември. Кампањата за повторен избор беше предводена под мотото - "За силна и стабилна Србија" (За Јаку и Стабилну Србију) во првиот круг, и "Да ја освоиме Европа заедно!" (Да освојимо Европу заједно!) во вториот круг. Тадиќ се залагаше за интеграцијата на Србија во Европската Унија, но и за територијалниот интегритет на Србија со суверенитет врз Косово и Метохија.

Тадиќ добил поддршка од Г17 Плус и од Демократската партија на Санџак, партнери од Владата. Тој исто така добил поддршка од различни национални малцински партии, вклучувајќи ги унгарските и ромските партии. Тадиќ добил силна поддршка од Милорад Додиќ, премиерот на Република Српска. Исто така добил поддршка од различни организации кои ги претставуваат лицата со инвалидитет и со посебни потреби.

Тадиќ добил 1.457.030 гласови (35,39 проценти) во првиот круг. Во вториот круг на 3 февруари 2008 година тој се соочил со Томислав Николиќ и победил на изборите со 2.304.467 гласови (50,31 проценти).

Претседател на Србија (2008- )[уреди | уреди извор]

Претседателската заклетва на Борис Тадиќ: Се колнам дека ќе ги вложам сите мои напори во зачувувањето на суверенитетот и интегритетот на територијата на Република Србија, вклучувајќи го и Косово и Метохија како нејзин составен дел, како и на остварувањето на човековите и малцински права и слободи, набљудување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Србија и дека јас ќе ги исполним сите моите должности совесно и одговорно.

Тој положил свечена заклетва на церемонијата на 15 февруари 2008 година во Народното собрание на Србија. Собранието на Косово прогласило еднострана декларација за независност на 17 февруари 2008 година. Борис Тадиќ повикал состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации итно да реагира и го поништи актот. Тој исто така изјавил дека Белград никогаш нема да ја признае независноста на Косово и никогаш нема да се откаже од борбата за своите легитимни интереси. Русија ја поддржа позицијата на Србија и претседателот Владимир Путин изјавил дека каква било поддршка за едностраното прогласување на независност на Косово е неморална и незаконска. На 21 февруари Тадиќ се состанал со претседателот на Романија Трајан Басеску во Букурешт, каде што му се заблагодарил за романската поддршка и истакнал дека "Србија нема да се откаже од својата иднина во Европа". Тадиќ, исто така, истакнал дека Србија нема да ги прифати законитостите на Европската Унија планирани за полицијата и судската мисијата за Косово.

На 25 февруари 2008 Борис Тадиќ се состана со Дмитриј Медведев и Сергеј Лавров во Белград, каде што Медведев изјавил: "Ние продолживме од сфаќањето дека Србија е една држава со сопствено законодавство кое ја опфаќа целата нејзина територија, и ние ќе се држиме до овој став во иднин. Ние направивме договор да ги координираме заедно нашите напори со цел да се излезе од оваа сложена ситуација ". Договорот за гасоводот ,,Јужен тек’’ беше потпишан за време на оваа посета.

Тадиќ изјавил дека Србија никогаш нема да го признае независно Косово. Тој истакнал дека проблемот на Косово не е решен со едностраната прогласена независност и дека проблемите кои траат со децении помеѓу Србите и Албанците сè уште постојат. Тој ги повикал меѓународните институции да најдат решение во рамките на Советот за безбедност на Обединетите Нации за продолжување на преговорите. Тој исто така одлуката донесена од страна на американскиот претседател Џорџ Буш да испрати оружје за Косово ја нарекол "лоши вести".

На 5 април 2008 година, Тадиќ ја нарекол ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај "срамна поради невините жртви" и побарал од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија да се жали. Тој изјавил дека Србија сака да му помогне на Трибуналот да собере докази ,,бидејќи местото на Харадинај е во затвор". Тој истакнал и дека поранешниот главен обвинител на Хаг, Карла дел Понте, изјавила дека сведоците во случајот против Харадинај биле заплашувани, па дури и убивани за да се спречи да сведочат за неговите злосторства.

На 13 март 2008 година, претседателот Тадиќ го потпишал декретот за распуштање на парламентот на земјата и предложил предвремени парламентарни избори за 11 мај. Борис Тадиќ собрал голема проевропска коалиција околу Демократската партија и Г17 Плус за претстојните српски парламентарни избори во 2008 година, наречена "За Европска Србија - Борис Тадиќ ". Списокот на коалицијата била предводена од Драгољуб Мичуновиќ и исто така ги вклучувала Демократската партија на Санџак, Српското движење за обнова и Лигата на социјалдемократите на Војводина. Коалицијата освоила 38% од гласовите, повеќе од која било друга листа. Тој ги осудил забелешките дадени од страна на Хавиер Солана и Питер Фејт во врска со изборите, и ја повикал Европската Унија да не се меша во изборите во Србија.

Тадиќ изјавил дека е подготвен, овластен според Виенската конвенција, да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација (ССА) со Европската Унија ако тој е понуден на 28 април, но не по цена на признавање на едностраната прогласена независност на Косово. Тадиќ присуствувал на церемонијата за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација во Луксембург на 29 април, на која заменик-премиерот Божидар Џелиќ го потпишал документот во името на Србија, со овластување на Владата од декември 2007 година. Тој се спротивставил на премиерот Воислав Коштуница кој мисли дека Србија не смее да потпише какви било договори со Европската унија. На 1 мај, Коштуница изјавил дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, бил во право кога рекол дека ДСА требал да биде потпишан, но еден ден подоцна на 2 мај тој ветил дека ќе го поништи договорот по завршување на изборите, нарекувајќи го "трик", "Договор на Солана "и " Тадиќ-Џелиќ ДСА потпишување". На 27 јуни 2008 година, Тадиќ го именувал Мирко Цветковиќ за нов премиер по победата на коалицијата на неговата партија на парламентарните избори што се одржале во мај. По давање на свечената заклетва во Народното собрание на 7 јули 2008 година, Цветковиќ бил официјално заколнат.

По војната во Јужна Осетија во 2008год. и руското признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија, тој одбил да го следи примерот велејќи дека иако ја почитува руската поддршка на Србија во однос на Косово "Србија нема да ги признае овие т.н. нови земји". Тој истакна дека "Србија нема да направи нешто што е против нејзините интереси, затоа што ние го браниме нашиот територијален интегритет и суверенитет со помош на меѓународното право " и дека според уставот, тој мора да ги брани интересите на Србија, а не интересите на која било друга земја во светот. Тој ја добил наградата ,,Quadriga’’ во септември 2008 година, годишена германска награда спонзорирана од ,,Werkstatt Deutschland’’, непрофитна организација со седиште во Берлин. Наградата признава четири лица или групи за нивната посветеност на иновации, обновувања, како и пионерски дух преку политички, економски и културни активности. Другите тројца победници биле Википедија, застапувана од Џими Велс, Екарт Хофлинг, Францискански и режисерот и Питер Габриел, музичар и активист за човекови права. Наградата дадена на Тадиќ била именувана ,,Храброст на истрајност’’ и била доделена од страна на Хајнц Фишер, сојузниот претседател на Австрија.

Честитајќи му на Барак Обама за неговата претседателска победа на изборите, Тадиќ изјавил дека тоа ќе го отвори патот за отворање ново поглавје во долгата историја на односите меѓу Србија и Соединетите Американски Држави, при што тие биле сојузници и пријатели во поголемиот дел. Тој исто така изразил надеж дека новата американска администрација ќе има повеќе разбирање за Србија, што ги брани своите легитимни интереси на мирен и дипломатски начин.

На 24 декември 2008 Борис Тадиќ и Дмитриј Медведев го потпишале Рамковниот договор, обезбедувајќи политичка гаранција дека Србија ќе го добие делот на Јужниот крак на гасоводот и дека подземното складиште за гас во Банатски Двор ќе биде завршено. Тадиќ се повикал на неговите уставни овластувања на врховен командант на војската на Србија и го разрешил началникот на Генералштабот Здравко Понош на 30 декември 2008 година. Понош упатил јавни обвинувања против министерот за одбрана Драган Шутановац во медиумите. Исто така било откриено дека тој го игнорирал министерот и не поднел ниеден извештај за период од една година.

Тадиќ бил рангиран како десетти највлијателните политичар во Европа за 2008 година во анкета спроведена од страна на Telewizja Polska меѓу 29 европски медиумски куќи. Тој го делел местото со Михаил Сакашвили, котирајќи подолу од Жан-Клод Јункер, и над Дмитри Медведев. Исто така бил еден од петте номинирани политичари за наградата Национален политичар на годината на Европски глас за "донесување на неговата земја поблиску до членство во ЕУ со предавање на наводни воени злосторници, Радован Караџиќ, на Меѓународниот суд за поранешна Југославија ".

По формирањето на Косовските безбедносни сили во јануари 2009 година, тој испратил протестни писма и до НАТО и до генералните секретари. Во писмото, се наведува дека Србија гледа на тие сили како илегална паравоена организација, која претставува закана за безбедноста на земјата и претставува опасност за мирот и стабилноста во Западен Балкан. Тадиќ го привлече вниманието на фактот дека КБС се формирани врз основа на планот на Ахтисари кој никогаш не бил усвоен од страна на Советот за безбедност и додаде дека формирањето на овие сили претставува прекршување на српскиот устав и меѓународното право, поради што тие треба да бидат распуштени. Тој повика на демилитаризацијата на Косово.

Градоначалникот на Мадрид, Алберто Руиз Галардон, ги дал Златните клучеви на Мадрид на Борис Тадиќ во март 2009 година, поради неговата посветеност кон Европа и нејзините вредности и промените што Србија ги има преземено во таа насока. Алберто Руиз Галардон изјавил дека овој став помага во стабилноста и напредокот на континентот ", на еден многу позитивен начин" и дека доделената награда е "израз на нашето пријателство со српскиот народ и нашата посветеност кон соработката". Во март 2009 година Тадиќ исто така добил почесна диплома од ,,Dimitrie Cantemir’’, христијански универзитет во Букурешт.

Во април 2009 година објавил предлог за уставни реформи. Неговата иницијатива вклучува предлог за намалување на бројот на членовите во националното собрание од 250 на 150 за подобро да се одрази големината на земјата проследена со промени во законот за регистрација и финансирање на партијата, со цел да се консолидираат сличните партии и да се ограничат оние со мала поддршка, што треба да ја донесе Србија поблиску до двопартискиот систем. Вториот предложен амандман би ја изменил административната управа на Србија со поделба во повеќе автономни региони со цел да се постигнеповеќе рамномерен развој. Оваа промена ќе доведе до Србија се поделени во седум региони, наместо сегашните асиметрични поделби кои вклучуваат две автономни провинции, но во кои мнозинството на територија нема специјална автономија.

За време на посетата на Србија во мај 2009 година, Лех Качински, претседателот на Полска, изјавил дека тој не се согласува со одлуката на полската влада да ја признае независноста на Косово и дека тој е на функцијата Претседател и "ја поддржува политиката која ја води српскиот претседател Борис Тадиќ ". Тие исто така разговарале за енергијата, особено за зависноста на Европа од природен гас од само еден извор, и се согласиле дека постои потреба за заедничка енергетска политика на ЕУ која треба да ги вклучува и балканските држави.

Тадиќ присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател Ѓорге Иванов во Скопје во мај 2009 година. Тие се согласија дека двете земји треба да соработуваат за интеграцијата во Европската Унија и покрај проблемите предизвикани од страна на нивните различни ставови во врска со статусот на Косово. Ова предизвика мала контроверзија поради тоа што водачот на Косово Фатмир Сејдиу не беше поканет на церемонијата. Тој, исто така, се состанал со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ во Белград, истиот месец, што беше првата официјална посета на висок претставник на Црна Гора официјално во Белград од октомври 2008 година, кога Црна Гора ја призна независноста на Косово. Тие се согласиле за заемна заштита на Србите и Црногорците во двете земји.

По официјална посета на американскиот заменик претседател Џо Бајден во Србија кон крајот на мај 2009 година, Тадиќ изрази уверување дека посетата на Бајден отворила нова ера во односите меѓу двете земји, истакнувајќи ја потребата за дијалог, и покрај нивните спротивни ставови за Косово. Тој изјавил: "Заменик-претседателот Бајден и јас се согласивме дека сега имаме можност да воспоставиме ново ниво на комуникација меѓу нашите две земји"и "Сигурен сум дека со дијалог, заснован на заемно почитување, можеме да постигнеме многу". Тадиќ изјавил и дека има многу теми кои ги обединуваат Србија и САД, и дека тие се главно интеграциите во ЕУ на Западниот Балкан, и борбата против меѓународниот криминал и тероризам. Тој исто така потсети дека двете земји биле сојузници за време на Втората светска војна, додавајќи дека тие сега се "сојузници во програмата Партнерство за мир."

Во текот на оваа средба Тадиќ го повторил ставот на Србија дека едностраното прогласување на независност на Косово е кршење на меѓународното право и дека е цврсто посветен на стабилноста на целиот регион и на интегритетот на сите членки на Обединетите Нации. Тој изјавил дека како потписник на Дејтонскиот мировен договор, Србија е гарант на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, и дека избира само решенија кои се резултат на договорот постигнат демократски помеѓу трите конститутивни етнички групи - Србите, Бошњаците и Хрватите.

На 21 мај 2009 година, Драган Мариќ, поранешен стопанственик кој бил пуштен во текот на судската одлука во неговиот спор со националниот авиопревозник ЈАТ, влегол во канцеларијата на претседателот со две рачни гранати барајќи спогодба надвор од судот и потпишана од претседателот или Владата. Членови на Баталјонот на воената полиција Кобри, обезбедувајќи ја безбедноста на претседателот на Србија, успеале да ја земат едната граната и и да го изолираат напаѓачот, меѓутоа сторителот ја отстранил иглата од втората граната и се заканил дека ќе ја активира со пуштање на рачката. Преговорите биле управувани од страна на специјалниот тим на српското Министерство за внатрешни работи, поддржан од страна на службени лица на Министерството за правда, и траело неколку часа, додека човекот бил разоружан и уапсен. По инцидентот, Тадиќ, кој бил присутен во обезбедена област на објектот, им честиташе на полицијата и специјални единици на армијата, безбедносниот и преговарачки тим за одлично завршената работа, мирно и без жртви, и исто така рекол дека проблемите, без разлика од каков вид, не може да се решат со сила и со загрозување на животите на граѓаните.

За време на државната посета во Франција кон крајот на мај 2009 година, Тадиќ ја открил спомен-плочата на српско-француското пријателство во двете светски војни во Париз. Тој и претседателот Никола Саркози најавиле дека документот за стратешко партнерство ќе биде потпишан меѓу Франција и Србија во Белград. Саркози, исто така, ја истакнал важноста на брзо пристапување на Србија кон Европската Унија и се обврзал да и помогне на Србија за време на тој процес.

Во август 2009 година во Пекинг, Тадиќ и Ху Џинтао потпишаа заедничка изјава на Република Србија и на Народна Република Кина за формирање на стратешки договор . Договорот има десет точки и опфаќа широк спектар на предмети, вклучувајќи и заемно почитување на територијалниот интегритет, планови за трговски развој, како и културна, научна и технолошка размена. Тој, исто така,одржа одделни средби со Вен Џиабао и Ву Бангуо. Тадиќ направил 5 дневна турнеја низ Кина, посетувајќи ги Сиан, Кинескиот ѕид и економските форуми во Шангај. За време на посетата на Шангај, тој добил специјална покана за Србија да учествува во Експо 2010 во Шангај, Кина. Кинеската пошта издала почесна серија пликови со неговиот лик и потпис, како и пораката "За големото историско пријателството на кинескиот и српскиот народ". Кинеската Поштата, исто така, пуштила во промет маркици со знамето на Србија по повод одбележување на посетата на српската делегација.

Во октомври 2009 година, откако Србија се квалификуваше за ФИФА 2010 Светско првенство во Јужна Африка, Борис Тадиќ и останатите српски министри прославиле на крајот на натпреварот во Белград на стадионот на Црвена Ѕвезда со чаша шампањ. Нелегално е да се пие алкохол на српски спортски настани со цел да се запре насилството. Тадиќ се изјасни за виновен, велејќи: "Јас не знаев дека конзумирањето алкохол, дури и само за здравица било забрането, затоа јас целосно ја преземам одговорноста за прекршокот ",и бил казнет со 400 €. Во март 2010 година добил награда за почитување, отвореност, хуманост и толеранција.

Народен Кабинет на Претседателот[уреди | уреди извор]

Во текот на изборната кампања во 2004год. Тадиќ ветил дека ќе формира нова посебна институција наречена народен кабинет. Народниот кабинет на Претседателот на републиката беше отворен на 1 октомври 2004 година. Улогата на народниот кабинет е полесно да се оствари комуникација меѓу граѓаните и претседателот, и да соработуваат меѓу другите државни органи и институции, со цел да им овозможи на граѓаните на Србија да ги остваруваат своите права. Народниот кабинетот на претседателот е поделен во четири одделенија: Одделение за правни работи, Одделение за социјални прашања, Одделение за проекти и одделение за општи работи. Првиот директор на Народниот Кабинет бише Драган Ѓилас. Кога тој се приклучил на владата на Србија како министер задолжен за националниот инвестиционен план во 2007 година, Татјана Пашиќ стана нов директор.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Тој е оженет со Татјана Тадиќ (родена Родиќ), со која има две ќерки: Маша и Вања.

Тој претходно бил во брак со новинарката Веселинка Заставниковиќ од 1980 до 1996, но се развеле, немале деца. За време на нивниот брак тие биле активно вклучени во различни социополитички активности, вклучувајќи протести и петиции против кршењето на човековите права итн. "вербален деликт" во СФРЈ во 1980-тите, како и во протестите за Милошевиќ во 1990-тите. Веселинка оттогаш станама калуѓерка. Тадиќ има сестра, Вера, која исто така е психолог и во моментов предава психологија во Првата Гимназијата во Белград. Освен својот мајчин јазик, Тадиќ зборува течно англиски, француски и италијански јазик. Тој ужива да гледа фудбал и го поддржува ФК Партизан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tadić, Boris. „Биографија: Због чега сам почео да се бавим политиком (Biography: Why I got into politics)“ (српски). Democratic Party (Serbia). Архивирано од изворникот на 1 January 2008.
  2. „Boris Tadić na poslu i na dan krsne slave!“. Vesti.rs. Посетено на 30 May 2011.
  3. „Biography“. General Secretariat of the President of Serbia. Архивирано од изворникот на 19 January 2009. Посетено на 16 February 2008.
  4. Tadić, Boris. „Биографија: Živeli smo skromno“ (српски). Democratic Party (Serbia). Архивирано од изворникот на 1 January 2008.
  5. 5,0 5,1 „Ko je ovaj čovek? Boris Tadić“. Arhiva.glas-javnosti.rs. Посетено на 30 May 2011.
  6. Popov, Nebojša (August 2000). „Disidentska skrivalica“. yurope.com (српски). Republika. Посетено на 25 December 2018.
  7. Tadić, Boris. Биографија: Ја сам данас председник Србије (српски). Democratic Party (Serbia). Архивирано од изворникот на 25 February 2008.
  8. „Ko smo (Who we are)“ (српски). Centar modernih veština (CMV). 4 November 2006. Архивирано од изворникот на 9 May 2010.
  9. „Boris Tadić novi predsednik DS-a, Čedomir Jovanović nije prošao (Boris Tadic, the new president of the Democratic Party, Cedomir Jovanovic is out)“. B92. 22 February 2004. Архивирано од изворникот 4 November 2012.
  10. „President of all citizens“. General Secretariat of the President of Serbia. Архивирано од изворникот на 21 January 2009. Посетено на 16 February 2008.
  11. „Zastava Srbije od danas se vijori ispred zgrade Ujedinjenih nacija u Njujorku“ (српски). VOA News. Архивирано од изворникот на 22 January 2008. Посетено на 16 February 2008.