Бозоклу Мустафа-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бозоклу
Мустафа
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
27 март 1693 – 13 март 1694
Монарх Ахмед II
Претходник Чалик Али-паша
Наследник Сумерли Али-паша
Лични податоци
Роден(а) 1638
Јозгат, Отоманско Царство
Починал(а) Декември 1698 (на 59–60 г.)
Едрене, Отоманско Царство
Националност Отоманец
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Род  Османлиска војска
 Османлиска морнарица
Чин Капудан-паша (1680–84)
Командант (1684–90)
Битки/војни Голема турска војна

Бозоклу Мустафа-паша (1638 – декември 1698) — отомански државник кој бил голем везир од 1693 до 1694 година. Неговиот епитет Бозоклу значи „од Бозок“ (денес Јозгат, Турција).[1]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Мустафа бил бироктат во Отоманското Царство. Тој бил назначен за капудан-паша (голем адмирал) а подоцна и за командант на Полскиот фронт за време на Големата турска војна. Во соработка со Кримскиот хан Селим I Гирај, успеал да ја одбрани важната тврдина во Камјањец-Подиљски, (денес во Украина) од полските напади. Во 1690 година, тој бил назначен за управник на Дамаск (денес Сирија) и Триполи (денес Либан). На 27 март 1693 година, го наследил Чалик Али-паша како голем везир.[2]

Како голем везир[уреди | уреди извор]

Трансилванија (област во денешна западна Романија; турски: Erdel) била под владение на Австрија, и во летото 1693 година, Мустафа-шаѓа бил во поход да ја освои. Но, австријците поставиле опсада на Белград (денес Србија) на југот од неговиот поход, по што бил приморан да се врати и да го брани Белград. Австријците биле приморани да ја отстранат опсадата. Мустафа-паша ја поравил тврдината и се вратил во главниот град Истанбул. Сепак, бидејќи фронтот бил близу, австријците биле спремни да продолжат со нападите. Мустафа-паша, сепак, бил незаинтересиран за претстојните австриски напади, повеќе се интересирал за ловот и припремата за следниот поход, па така султанот Ахмед II го разрешил на 13 март 1694 година по една година како голем везир.

Смрт[уреди | уреди извор]

Следната служба на Мустафа-паша била управник на Триполи. Во мај 1698 година, тој бил повикан во Истанбл да биде привремен голем везир и да присуствува на воениот фронт. Но кус период подоцна, Мустафа-паша починал во декември 1698 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971
  2. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5 p.144
Политички функции
Претходник
Чалик Али-паша
Голем везир
27 март 1693 – 13 март 1694
Наследник
Сурмели Али-паша