Блерим Џемаили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блерим Џемаили

Блерим Џемаили (албански: Blerim Xhemaili, роден во Тетово, 12 април 1986) — швајцарски фудбалер со македонско потекло, играч од средниот ред на Монтреал Импакт на заем од Болоња.

Животопис[уреди | уреди извор]

Џемаили е роден на 12 април 1986 година во Тетово, Македонија. Како многу мал ја напуштил Македонија и родното Боговиње, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година. Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Во февруари 2007 година, потпишал прелиминарен договор со Болтон[1], каде што играл до 2009 година. Потоа преминува во ФК Торино[2][3], за веднаш потоа да премине во Парма[4]. За швајцарската репрезентација има настапено 13 пати (состојба 2009).

Статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Игри Голови
2003-2004  Швајцарија - ФК Цирих 30 2
2004-2005  Швајцарија - ФК Цирих 26 1
2005-2006  Швајцарија - ФК Цирих 32 3
2006-2007  Швајцарија - ФК Цирих 23 3
2007-2008  Англија - Болтон 0 0
2008-2009  Италија-ФК Торино 13 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bolton swoop for Džemaili and Cid“. BBC Sport. 9 февруари 2007. Посетено на 2009-06-16.
  2. „Xhemaili quits Bolton for Torino“. BBC Sport. 15 јуни 2009. Посетено на 2009-06-15.
  3. „Xhemaili signs for Torino“. Sky Sports. 15 јуни 2009. Посетено на 2009-06-15.
  4. „Torino vs Figline 1-0“ (италијански). Torino FC. 2009-08-09. Архивирано од изворникот на 2009-09-17. Посетено на 2009-09-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]