Благој Бочварски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благој Бочварски
Градоначалник на Општина Штип
На должноста
3 ноември 2017 – 31 август 2020
Наследник непознато
Министер за транспорт и врски
На должноста
Стапил
31 август 2020
Претседател Зоран Заев
Димитар Ковачевски
Претходник Горан Сугарески
Наследник моментален
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
30 декември 2016 – 3 ноември 2017
Лични податоци
Роден(а) 9 јануари 1985
Штип, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа „Св. Кирил и Методиј“
Професија архитект
Вероисповед православен христијанин

Благој Бочварски (р. 9 јануари 1985 во Штип) — македонски политичар, актуелен министер за транспорт и врски, поранешен градоначалник на Штип, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и актуелен потпретседател на партијата.[1] Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членува во СДСМ од 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на извршниот одбор на партијата.[2]

Бочварски во периодот 2011–2016 работел како архитект во приватна градежна компанија, по што бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.[3] На партискиот конгрес во јуни 2017 година тој бил именуван за потпретседател на СДСМ и член на централниот одбор.[4] На локалните избори во 2017 година, Бочварски остварил победа во вториот круг, а на 3 ноември го презел раководењето со Општина Штип.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Биографија на Благој Бочварски“. Собрание на Република Македонија. 2016-12-30. Посетено на 2017-07-09.
  2. „Потпретседатели на СДСМ“. Социјалдемократски сојуз на Македонија. 2017-06-18. Архивирано од изворникот на 2017-07-19. Посетено на 2017-07-09.
  3. „ДИК ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори“. Вест. 2016-12-13. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2017-02-10.
  4. „Штипјанецот Благој Бочварски избран за потпретседател на СДСМ“. ТВ Стар. 2017-06-19. Архивирано од изворникот на 2017-06-19. Посетено на 2017-07-09.
  5. Градоначалникот на Штип Благој Бочварски стапи на функција[мртва врска], Плусинфо, 3 ноември 2017
Политички функции
Претходник
Горан Сугарески
Министер за транспорт и врски
31 август 2020 - во служба
Наследник
-

Надворешни врски[уреди | уреди извор]