Битка за Курск

Од Википедија — слободната енциклопедија

Битката за Курск се однесува за германските и дејствијата на советскиот сојуз на источниот фронт во текот на Втората светска војна во градот Курск(450 километри јужно од Москва), во јули и Август 1943 година. Оваа битка останува една од тие битки со најголема серија од оклопни судири, вклучувајќи ја и битката на Проколовка и една од најскапите битки во однос на воздушното војување.Таа битка била финалната стратегиска офанзива која германците имале можност да одржат во источниот фронт. Добиенaтa одлучувачкa победа на Советскиот Сојуз и ја даде на Црвената армија стратешкaтa иницијатива до крајот на војната. На источниот фронт, силите на Оската ги поминале пролетта и почетокот на летото 1943 правејќи подготовки за окупација на рускиот град Курск. Советскиот воен команден врв паралелно со подготовките на силите на Оската го подготвувал градот за нејзината офанзива која била започната на 4 јули 1943 година. Намерата на германските копнените сили, на Вермахтот, била преземање на централниот дел на источниот фронт, а потоа и од југ да се опфати и Москва и да се нанесе решавачки удар на Црвената армија. Германската офанзива почнала на 5 јули под името Цитадела (Zitadelle- тврдина). Во битката со германската страна активирани се 50 девизии (од кои 34 пешадиски, 14 оклопни возила и две моторизирани) – вкупна војска од околу 900.000, 000 војници, 2.700 тенкови и самоодни и офанзивни топови, 10.000 артилериски и минофрлачки цевки, со поддршка од околу 2.000 авиони, од кои ангажирани од страна на советската армија биле 12. Русите имале бројчена предност во сила и оружје – 20.000 пушки и минофрлачи, 920 ракетни лансери, 3600 тенкови , поддржани од 2400 авиони. Поради неочекуваното откажување на офанзивата од страна на Хитлер, Црвената Армија била со можност да започне масовна контра-офанзива, која резултирала со протерување на силите на Оската од советските територии заклучно со јуни 1944, по што советските војски навлегле во Романија Битката за Курск, која започнала на 4 јули 1943, и покрај неочекуваното откажување на германската офанзива од страна на Хитлер, сепак продолжила и завршила на 23 август 1943, со одлучна победа на Советскиот Сојуз. До денешен ден, Битката за Курск важи за најголемата тенковска битка во историјата на војувањето. И покрај големите загуби, руските сили спроведоа успешен контра-напад и до 23 август германците беа поразени. Руската армија била намалена за 500.000 војници, од кои околу 60.000 загинати и околу 150.000 се повредени (во текот на првата фаза од битката, односно германската офанзива). Подоцна, за време на советската контра-офанзива, бројот се зголеми на над половина милион мртви, ранети и заробени. Вистинските Советскиот загуби беа откриени само во 1991. и изнесуваат околу 800.000 загинати, повредени и исчезнати (за време на двете фази на битка).