Бернар Ино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бернар Ино
Bernard Hinault
Ино на Тур де Франс во 1982 година
Лични податоци
Цело имеБернар Ино
ПрекарГаздата (Le Patron), Јазовецот (Le Blaireau)
Роден14 ноември 1954(1954-11-14)(69 г.)
Ифинијак, Бретања, Франција
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
1975–1977
1978-1983
1984-1986
Житан-Кампањоло
Рено–Елф–Житан
Ла Ви Клер
Значајни победи
Гран тур
Тур де Франс
Генерален пласман (1978, 1979, 1981, 1982, 1985)
Бодовен пласман (1979)
Планински пласман (1986)
Награда за борбеност (1981, 1984, 1986)
Комбиниран пласман (1981, 1982)
28 поединечни етапи (1978–1986)
Џиро д’Италија
Генерален пласман (1980, 1982, 1985)
6 поединечни етапи (1980, 1982, 1985)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (1978, 1983)
7 поединечни етпаи (1978, 1983)

Еднодневни трки

Критериум ди Дофине (1977, 1979, 1981)
Тур де Романди (1980)

Класици

Светски друмски првак (1980)
Француско национално друмско првенство (1978)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж (1977, 1980)
Џиро ди Ломбардија (1979, 1984)
Париз-Рубе (1981)
Флеш Валон (1979, 1983)
Гент-Вевелгем (1977)
Амстел Голд Рејс (1981)
Гран при на нациите (1977, 1978, 1979, 1982, 1984)

Бернар Ино (француски: Bernard Hinault); (Ифинијак, 14 ноември 1954) – поранешен француски професионален велосипедист и светски првак.

Ино е петкратен шампион на Тур де Франс, тој е третиот велосипедист кој успеал да победи пет пати, пред него тоа го направиле Жак Анкетил и Еди Меркс. Исто така тој е еден од петте велосипедисти кој ги освоил сите три гран тур трки: Тур де Франс, Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, и еден од двајцата велосипедисти кој секоја од овие трки ја освоил повеќе од еднаш (вториот е Алберто Контадор). Се вбројува во најтрофејните и најуспешните велосипедисти на сите времиња. Остварил преку 200 победи за 12 години.

Јуниорска кариера[уреди | уреди извор]

Јуниорската кариера Ино ја почнал во 1972 година и во првата сезона го освоил државното првенство за јуниори. Во 1974 година го освоил државното првенство на трката за јуниори и второто место на трката Руте де Франс.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

1975 — 1977[уреди | уреди извор]

Ино професионалната кариера ја почнал во 1975 година. Станал пријател со Сирил Гимар кој ја завршил кариерата заради повреда. Гимар ја презел позицијата спортски директор во тимот Житан-Кампањоло и Ино му се придружил на тимот. Првата година го освоил националното друмско првенство и за аматери и за професионалци. Во 1976 година, Ино победил на трката Париз-Камамбер, каде покажал исклучителни хронометарски способности. Истата година Лисјен ван Импе го освоил Тур де Франс за тимот на Житан.

Во 1977 година Ино ги освоил Гент-Вевелгем, Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Гран при на нациите, а потоа и Критериум ди Дофине, на кој победил многу од фаворитите за Тур де Франс, вклучувајќи го и победникот од таа година Бернар Тевне. По совет на Гимар не учествувал на Тур де Франс.

1978 — 1983[уреди | уреди извор]

На почетокот на 1978 гоидна, тимот Житан-Кампањоло го променил името во Рено-Житан.

Ино ја освоил Гран при на нациите втора година по ред, а потоа за да се подготви за Тур де Франс, ја возел шпанската Вуелта, каде победил на четири етапи и ја освоил. Со победата на Вуелта, Ино се чувствувал спремен за Тур де Франс, а пред оваа трка го освоил државното првенство во друмско возење. На Тур де Франс водел голема борба со Јоп Зутемелк, победил на три етапи и го освоил Тур де Франс после завршениот хронометар.

На почетокот на 1980 година, Ино и Гимар објавиле дека целта им е „тројна круна“, Џиро д’Италија, Тур де Франс и светското првенство, што претходно му пошло од рака само на Еди Меркс. Пред Џиро, Ино ги освоил Тур де Романди и Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Победата на Ино на трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж останала запаметена по тоа што победил со преку 10 минути предност. На Џиро д’Италија победил на 14 етапа и го освоил. На Тур де Франс немал среќа затоа што морал да ја напушти трката заради повреда во моментот кога бил водач. Ино се повратил од повредата и го освоил светското првенство.

Во 1981 година ги освоил трката Париз-Рубе, Амстел Голд Рејс, Критериум ентернасионал и Критериум ди Дофине, а потоа целосно доминирал на Тур де Франс, победил на четири етапи, ја освоил класификацијата во комбинација и го освоил својот трет Тур де Франс поминувајќи 18 дена во жолтата маица.

Во 1982 година ги освоил Гран при на нациите и Тур де Луксембург, а потоа повторно доаѓа на Џиро д’Италија и го освојува по вторпат во исто толку учества, при што победил на пет етапи. После тоа го освоил својот четврт Тур де Франс победувајќи на четири етапи.

Во 1983 година го освоил Флеш Валон, а заради повреда морал да го пропушти Тур де Франс, а го освоил неговиот тимски совозач, Лоран Фињон. Потоа Ино ја освојува Вуелта а Еспања, каде победил на две етапи. Со ова Ино дошол до неверојатно остварување, од осум возени гран тур трки, ги освоил сите осум.

1984 — 1986[уреди | уреди извор]

Несогласувањата со Гима довеле до нивно разијдување и Ино во 1984 година премина во тукушто формираниот тим Ла ВИла. Ги освоил Џиро ди Ломбардија и Гран при на нациите, а потоа на Тур де Франс водел борба со актуелниот шампион и бивш совозач Лоран Фињон. Ино победил во прологот на првата етапа, но немал снага во брдата и Фињон го освоил Тур де Франс со преку 10 минути предност пред Ино, кој завршил втор.

Во 1985 година, Ино по третпат се вратил на Џиро д’Италија и го освоил победувајќи на една етапа. На Тур де Франс, Ино го освоил прологот на првата етапа, а потоа победил и на осмата етапа. Голем соперник имал во својот тимски совозач Грег Лемонд, кој бил под притисок од страна на тимот да не се бори за победа, туку да го пушти Ино да го освои Тур де Франс. Така и било, Ино го освоил својот петти Тур де Франс изедначувјќи се со Жак Анкетил и Еди Меркс. Лемонд го освоил второто место со ветување од Ино дека наредната година ќе му помогне да го освои.

Во 1986 година, Ино го возел својот последен Тур де Франс кога требало да му ја врати услугат ана Лемонд и да му помогне да победи, но не било така. Ино возел доста агресивно, оправдувајќи се дека тоа го прави за да ги исфрли од трката соперниците на Лемонд, а всушност и самиот Лемонд заостанувал. Лоран Фињон возел дефанзивно од почетокот, а потоа ја напуштил трката заради повреда. На Алп д’Иез, Ино нападнал, Лемонд го бркал, го стигнал и престигнал, му ја зел жолтата маица и победил на Тур де Франс. Ино завршил втор, победил на три етапи и ја освоил брдската класификација. Во подоцнежните изјави, Лемонд велел дека Ино тогаш го издал со својата тактика.

Крај на кариерата[уреди | уреди извор]

На крајот на 1986 година, Бернар Ино се повлекол од велосипедизмот, а потоа продолжил да работи како еден од организаторите на Тур де Франс. На крајот на секоја етапа, им честита на победниците и на носителите на маици. Исто така работел како технички консултант во компанијата Лук, која се занимавала со производство на педали за велосипеди.

Ино возел 12 гран тур трки, 10 освоил, а двапати бил втор (на Тур де Франс). На вечниот список на гран тур шампиони е втор, зад Еди Меркс кој освоил 11 гран тур трки.

За соперништвото на Ино со Лемонд на Тур де Франс во 1986 година, снимен е филм кој е објавен на 22 јули 2014 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]