Белица (град)

Координати: 41°57′25″N 23°34′21″E / 41.95694° СГШ; 23.57250° ИГД / 41.95694; 23.57250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Белица
Белица
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
Управа
 • ГрадоначалникРадослав Ревански
Површина
 • Вкупна72,92 км2 (28,15 ми2)
Надм. вис.&10000000000000953000000953 м
Население (2015)
 • Вкупно3,362
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2780
Повик. бр.07444

Белицаград во Разлошко, Пиринска Македонија, денес во Благоевградската област, југозападна Бугарија. Сместен е недалеку од градовите Разлог, Банско и Јакоруда и е седиште на Општина Белица.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во јужниот дел на Рила и е поврзан преку разгранок од 4 км (од главниот пат Разлог – Велинград) со меѓународните патишта Е-79 и Е-80, што обезбедува добра сообраќајна пристаност до Софија (172 км) и Горна Џумаја (72 км).

Историја[уреди | уреди извор]

Бугарското егзархиско училиште во Белица „Св. Кирил и Методиј“.
Девојка од Белица во носија.

Белица за првпат се споменува во опис на населението на Татарпазарџичката кааа од 1516 г. под името Белица, заедно со Мала Белица.[1]

Во XIX век Белица била село со мешана вероисповед во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Белица (Bielitsa) е заведена како село со 303 домаќинства, 640 жители Македонци-христијани и 250 жители Македонци-муслимани.[2][3] Васил К’нчов напишал дека до 1888 г. во домот на беличкиот поп Теофил Попвасилев дошла печатена библија во чии белини околу текстот нашол натпис „Напишав јас Евтим од Света Гора Атонска во лето 1716 кулна број 6...“. Атонскиот јеромонах долго учителствал во беличкото келијно училиште на почетокот на XVIII век. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон 1900 г. Белица (Бѣлица) — македонско село христијанско и муслиманско вероисповед. Во него живееле 2.700 Македонци-христијани, 550 Македонци-муслимани и 50 Власи.[2][4]

Во 1833-1835 г. под раководството на поп Илија е изградена црквата „Свети Ѓорѓи“. Изградбата се одвивала бавно поради несогласувањето на тогашната турска власт, која често рушела неовластени храмови. Црквата била издигната наспроти тогавашните закони на царството, на високо и видно място во средиштето на селото. Кубињата се гледале отсекаде. Како компромис христијанските жители се договориле со властите да донесат и монтираат часовник од Виена, кој ќе се псотави на највисокото кубе и и ќе ги опслужува сите жители на Белица. Часовникот купен од Виена во замена за селски производи (сирење, кашкавал, волна и др.)

Во 1903 г. за време на Илинденското востание црквата „Св. Ѓорѓи“ била опожарена и часовникот се срушил на земја, последно означувајќи четири часот попладне. Деловите ги собрал муслиманот Ириловец и подоцна им ги предал на вратените христијани со порачка да биде вратен на старото место. Според една од легендите, во куќата на поп Данаил доаѓал Васил Левски, а попот набожем ја спремал ќерка му за него, за да има изговор да доаѓа во селото. Била создадена революционерна организација, која го подготвувала христијанското население во Априлското востание.

За време на Руско-турската војна во 1877-1878 г. под Самарското знаме 19 беличани се истакнале во борба кај Свиштов, Русе, Шејново и Шипка. Се вратиле во селото со многу ордени и медали и биле свечено пречекани од соселаните. Жителите исто така биле посветени на Македонското востание, активно учествувајќи во подготовките за борбите кај Разлог. По поразот, голем дел од востаниците биле затворени или принудени да напуштат селото.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за Белица:

Белица, големо село 3 часа на североисток од Мехомија: сместено во еден агол, кој го образуваат Јакорудската Река и Белица. Под селото кајшто е врвот на аголот, било местото на старата Белица, Се раскажува дека денешната Белица е основана пред 250 г. од жителите на Стара Белица, кои биле принундени да бегаат од крџалиите [разбојниците]. На исток од селото над еден рид е оброчиштето „Св. Илија“, отсекаде голо. Над оброчиштето се издигат до 200 високи бора, кои претставуваат грамадна китка над црквичката. Сред селото се издигат две високи кули, на 9 ката, останати уште од јаничарите. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е на едно возвишение крај селото; под црквата е училишната зграда, подигнато во 1875 г. Тројца учители со 150 ученици, момчиња и девојчиња. Околината е гола; земјата е најдобра во целиот Разлог. Поради недостаток на земја, многумина заминале на печалба, најмногу во Влашка, каде се занимаваат со правење боза. Има 500 куќи, меѓу кои 110 на Македонци-муслимани.[2][5]


Маалото Куру Дере се наоѓа на патот од Јакоруда за Белица. Во 1891 г. Стрезов напишал дека има 10 македонски муслимански куќи со околу 50 жители.[2][6]

Во 1903 г. заради активното учество во Илинденското востание, Белица е запалена до темел. Во пожарот изгореле 475 лица, а покрај тоа, убиени се уште преку 120 мажи, жени и деца.

Според Димитар Гаџанов во 1916 г. Белица е мешано македонско христијанско-муслиманско село, при што муслиманите бројат 400 лица.[2][7]

Во 1920 г. во Белица е основана работничката кооперација „Рила планина“, која веќе во 1935 г. броела 480 членови.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Народно читалиште „Георги Тодоров“ — основано како просветен кружок „Зора“ во 1885 г. од повратени воени дејци кои донеле книги од ослободена Бугарија и Русија, со цел да ги просветуваат беличани. Напоредно на просветната, дејците развивале и револуционерна дејност против поробителот. Турските власти ја забраниле нивната дејност, а населението ги презело и зачувало книгите. Во 1908 г. е возобновена дејноста на читалиштето. Оттогаш тоа е старател и објавувач на фолклорот на Белица.
  • Полициско одделение

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Историски музеј — отворен во 1995 г., сместен во центарот на гратчето и ја прикажува културно-историската и фолклорна ризница на селото
  • Парк за танцувачки мечки
  • Семково —место и одморалиште на 16 км северно од гратчето. Има природни убавини, одморалишта и капацитети за зимски спортови.

Религија[уреди | уреди извор]

Месното население е составено од Македонци-муслимани,[9][10] и Македонци-христијани.[2]

Личности[уреди | уреди извор]

Тодор Саев

Во XIX и почетокот на XX век Белица имала мешано население. Револуционерот Тодор Саев е роден во Белица, како и многу други дејци на ВМРО и ВМОК. Во Белица се родени политичарот Владимир Поптомов, американскиот, советски и бугарски политичар и новинар Георги Андрејчин, писателот и фолклорист Никола Алексиев и други.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бойков, Григор (2009). „Съдбата на Разложката котловина в условията на османска власт“. Разлог: история, традиции, памет. Благоевград: Ирин-Пирин. стр. 57–58. Посетено на 2011-06-02.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 134–135.
  4. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 14 - 15.
  6. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 17.
  7. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
  8. Списък на кооперативните сдружения, действали през 1935 година, по места, София 1936, с. 5 (не е отбелязана в изданието — околия Разлог)
  9. Фотев, Георги. Съседството на религиозните общности в България, Издателство „Кота“, 2000, стр. 212.
  10. Попов, Рачко, Ангел Янков, Евгения Троева, Цветана Бончева, Обредната трапеза: Сборник доклади от XI-та Национална конференция на българските етнографи - Пловдив, 2005, БАН, 2006, стр. 322.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]