Бекија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бекија
Географија
МестоКарипско Море
Координати13°0′N 61°14′W / 13.000° СГШ; 61.233° ЗГД / 13.000; -61.233Координати: 13°0′N 61°14′W / 13.000° СГШ; 61.233° ЗГД / 13.000; -61.233
Површина7 sq ми
Управување
Демографија
Населениеоколу 5,300
Дополнителни податоци

Заштитена морска зона Бекија
МСЗП — Категорија VI (заштитено подрачје под раководство со ресурси)
Површина367,5 km2 (141,9 sq mi)
Воспоставен(а)1987
Мрежна страницаТуризам во Бекија


Бекија (англиски: Bequia) е вториот најголем остров во Гренадините, дел од островската држава Свети Винцент и Гренадини. Островот има вкупна површина од 18 км2. Бекија се наоѓа на 15 километри јужно од Кингстаун, Свети Винцент.

Помеѓу Петит Невис и Бекија има две мали карпи, едната по име Сент Елерс Ки и Семплерс Ки (северното), едни спроти Спринг Естејт, три на северниот врв на стровот, и две на јужниот дел на островот. Сите е ненаселени и многу мали, како издигнати карпи.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на островот потекнува од аравачкиот, што значи „остров на облаците“

Географија[уреди | уреди извор]

Бекија е мал остров со вкупна површина од 18 км2. На островот живеат околу 5.300 жители. Населението е воглавно со африканско, шкотско и карипско потекло. На островот се доселиле и добар број на Барбаќани во 1860 година. Главен административен центар на островот е Порт Елизабет. Од Порт Елизабет има траект до Пагет Фарм, локацијата на аеродромот на островот. Покрај Порт Елизабет, на островот се наоѓаат и селата Лоуер Беј, Ла Помп, Хамилтон и Белмонт.

Туризам[уреди | уреди извор]

Бекија е познат во крстарењето со јахти и во туристичкиот карипски свет. Островот нуди бројни туристички понуди, меѓу кои и нуркањето, особено во некои од плитките подводни пештери.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Аеродром Џ. Ф. Мичел е локалниот аеродром за мали авиони, кој се наоѓа во Пагет Фарм. Има дневни летови до Кингстаун, Бриџтаун и другите околни острови.

До Бекија има редовни траектни линии од Свети Винцент. Овие траекти се од Кинстаун до Порт Елизабет. Покрај овие има и чартер тури до останатите острови во регионот.

Островот има стандардна современа комуникациска мрежа, фиксна, мобилна и интернет мрежа.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Barnett, Edward (1866). „The Grenadines“. The West India Pilot. 2. London: Hydrographic Office, Admiralty.
  • Kilgore, Cindy; Moore, Alan (2011). Adventure Guide Grenanda, St. Vincent and the Grenadines. Hunter Publishing. ISBN 9781588436245.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]