Бања (Кочанско)

Координати: 41°54′41″N 22°20′0″E / 41.91139° СГШ; 22.33333° ИГД / 41.91139; 22.33333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бања

Бањата во Бања

Бања во рамките на Македонија
Бања
Местоположба на Бања во Македонија
Бања на карта

Карта

Координати 41°54′41″N 22°20′0″E / 41.91139° СГШ; 22.33333° ИГД / 41.91139; 22.33333
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 238 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13001
Надм. вис. 335 м
Бања на општинската карта

Атарот на Бања во рамките на општината
Бања на Ризницата

Бања — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општината Чешиново-Облешево, во средното сливно подрачје на Брегалница. Селото е ридско, на надморска височина од 370 метри. Од патот Кочани-Штип населбата е оддалечена околу четири километри, а од градот Кочани 11,5 км.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Бања постои уште од Римско време. Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 10,4 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 481,5 ха, на пасиштата отпаѓаат 468,9 ха, а на шумите само 3,4 ха. Во однос на земјоделството селото има полјоделско-сточарска функција.

Со оглед на тоа дека во селото избива термоминерален извор, со температура од 54°С, населбата претставува бањско лекувалиште, познато како Кочанска Бања.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948629—    
1953676+7.5%
1961685+1.3%
1971654−4.5%
1981589−9.9%
ГодинаНас.±%
1991483−18.0%
1994473−2.1%
2002402−15.0%
2021238−40.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бања живееле 200 жители, сите Турци.[3]

Во 1916 во Бања живееле 189 жители, од кои 130 се Турци, а 59 друго население.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 402 жители, од кои 393 Македонци и 9 Власи.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 238 жители, од кои 234 Македонци и 4 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 629 676 685 654 589 483 473 402 238
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Бања е македонско-влашко село.

Родови во селото:

  • Влашки: Зиковци (5 к.), Јанковци (2 к.), Јуруци (5 к.), Бетато (1 к.), Деспот (1 к.), Додевци (1 к.) и Топчи (1 к.). Зиковци и Јанковци се населени 1914 година, Јуруци се населени 1919 година, а останатите родови се населени 1924 година.
  • Македонски: Бојковци (8 к.), Анѓеловци (6 к.), Алексовци (4 к.), Ѓоргијовци (3 к.), Велковци (3 к.), Крстевци (2 к.), Митевци (2 к.), Пауновци (2 к.) и Стојановци (1 к.) доселени се од селото Пашаџиково; Ѓоргијовци (3 к.), Петровци (2 к.), Анѓеловци (2 к.), Зафировци (2 к.), Доневци (1 к.) и Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Јастребник; Борисовци (2 к.), Стојковци (1 к.) и Гоцевци (1 к.) доселени се од селото Пантелеј; Карбинци (1 к.) доселени се од селото Нивичани; Даниловци (6 к.) доселени се од селото Лешки; Јовановци (4 к.), Филиповци (4 к.), Анчевци (2 к.), Пешевци (2 к.) и Миновци (1 к.) доселени се од селото Ораовица, Пијанец; Рашковци (3 к.) доселени се од селото Чеперник, Пијанец; Петровци (1 к.) и Стојменовци (1 к.) доселени се од селото Полаки; Анѓеловци (4 к.), Атанасовци (3 к.) и Дејановци (2 к.) доселени се од селото Длаги Дол на Осогово. Сите македонски родови се доселени помеѓу 1924 и 1925 година.[12]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 886 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 269 гласачи.[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 18–19.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]