Бајрам-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дамат
Бајрам
Паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
2 февруари 1637 – 26 август 1638
Монарх Мурат IV
Претходник Табанијаси Мехмед-паша
Наследник Тајар Мехмед-паша
Османлиски управител на Египет
На должноста
1626–1628
Претходник Кара Мустафа-паша
Наследник Табанијаси Мехмед-паша
Лични податоци
Починал(а) 26 август 1638
Шанлаурфа[1]
Вероисповед ислам

Бајрам-паша (починал во 26 август 1638 во Шанлаурфа) — османлиски државник и Голем везир во периодот од 1637 до 1638 година.

Потекнувал од градот Ладик, блуски Амасија и бил член на јаничарскиот корпус. Иако јаничарите главно се регрутирале во почетокот од христијанските територии, во времето на Мурат III започнало со регрутирање и на муслимански деца. Во 1625 година станал управител на Египет, а во 1635 станал кајмакам (градоначалник) на Цариград. Во 1637 година станал Голем везир и учествувал во заземањето на Багдад. Починал од природна смрт.

Според османлиската традиција, ќерките и сестрите на султанот се мажеле за везирите но Бајрам бил исклучок бидејќи бил во брак со Ханзаде, сестрата на Осман II а Мурат IV не му наредил нов брак. Инаку Бајрам-паша бил познат по изградба на јавни установи. Тој ги зацврстил ѕидините на градот а денеска областа Бајрампаша во Фатих е наречена според него. Тој е познат и по тоа што го наредил погубувањето на познатиот поет Нефи поради пишувањето на сатирични песни.

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Табанијаси Мехмед-паша
Голем везир
2 февруари 1637 – 26 август 1638
Наследник
Тајар Мехмед-паша