Барајќи го тато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барајќи го Тато
Жанрдрама, теленовела
Создадена одЕнрике Торес
УлогиЛици
Маурисио Окман
Алехандро Фелипе
карла Петерсон
Воведна тема"Amarte Asi"
Земја на потеклоМексико САД
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди119
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
Аргос Продукција

Барајќи го Тато е романтична теленовела која го раскажува животот на едно мало симпатично дете, чија најголема желба е да го пронајде неговиот татко. Оваа теленовела со својот шарм освои многу гледачи низ целиот свет. Серијата премиерно со прикажување во САД започнала во 2004 година, а по неколку месеци, веднаш се појавила и на меѓународниот пазар. Кај нас, серијата се емитуваше на А1 телевизија и стекна огромен успех од сите генерации.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Маргарита и Игнасио се вљубиле на прв поглед, но нивната врска траела само еден ден и една ноќ, а резултат на тоа е малиот Фрихолито, роден меѓу вреќи со грав, поради што и го добива името Гравче. Од мали нозе детето покажува интелегенција и сосема ја разбира состојбата на мајка му, која работи за него. Тој и неговиот најдобар другар Тоњо постојано смислуваат детски палавости, а една случајна средба со неговиот биолошки татко, ќе ги ја измени неговата и судбината на неговата мајка. Фрихолито и Игнасио стануваат другари, а преку него, детето се запознава и со Дулсе, внуката на Игнасио, со која, во понатамошните случувања, ќе имаат многу згоди и незгоди. Маргарита и Игнасио повторно се среќаваат, но тој не памети која е таа, ниту пак дека имал врска со неа, но детето и неговиот изглед, ќе го натераат да дознае повеќе. Токму тоа ќе ја одреди и понатамошната судбина на Маргарита и Фрихолито. Единствен кој знае за постоењето на малиот Фрихолито е братот на Игнасио, Франциско, кој се плаши дека со тоа добил уште една конкуренција за наследството и ќе настојува мајката и детето да ги држи подалеку од семејството.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Лици Маргарита
Маурисио Окман Игнасио
Алехандро Фелипе Фрихолито
Роберто Матеос Франциско
Карла Петерсон Шантал
Марита Балестерос Лукресија
Едгар Вивар Дон Педро

Барајќи го тато на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: А1 Телевизија
Босна и Херцеговина: Хајат
Бугарија: бТВ
Србија: ФОКС Телевизија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]