Балтички Регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Балтичкото Море со крајбрежните држави и острови.

Балтичкиот Регион — поим кој се користи да се означат државите и териториите во и околу Балтичкото Море. Најчесто, со овој поим се означуваат Латвија, Литванија, Естонија и делови од Полска, Германија, Данска, Шведска и Русија.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Првото споменување на Балтичкото Море (Mare Balticum) било во 11 век од германскиот хроничар Адам од Бремен.

Конотација[уреди | уреди извор]

Во зависност од контекстот каде е употребет терминот „Балтички Регион“, истиот може да се однесува на:

  • државите кои имаат излез на Балтичкото Море, односно Данска, Естонија, Латвија, Литванија, Финска, Германија, Полска, Русија и Шведска.
  • група држави кои често ги нарекуваат Балтички држави, односно: Естонија, Латвија и Литванија, а понекогаш се додава и руската ексклава Калининград.
  • историската Источна Прусија и историските држави Ливонија, Курланд, Шведска Естонија и Руска Естонија.
  • поранешната покраина на Руската Империја, која ги заземала териториите на Естонија, Латвија и Литванија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]