Арџанско Езеро

Координати: 41°02′01″N 22°38′58″E / 41.0336° СГШ; 22.6494° ИГД / 41.0336; 22.6494
Од Википедија — слободната енциклопедија
Арџанско Езеро
Λίμνη Αρζάνη
Карта на некогашното Арџанско Езеро (горе), заедно со Аматовско Езеро (доле)
Карта
Координати41°02′01″N 22°38′58″E / 41.0336° СГШ; 22.6494° ИГД / 41.0336; 22.6494
Видблато
Главни приливиЃолаја, Селемлиска Река
Главни истециЃолаја
Сливни земјиЕгејска Македонија, Грција
Најг. должина2,1 км
Најг. ширина0,9 км
Површина&100000000000000013999991,4 км2
Прос. длабочина4 м
Надм. височина60 м
Населени местаАрџан

Арџанско Езеро или Арџански Ѓол (грчки: Λίμνη Αρζάνη/Αρτζάν, Лимни Арзани/Арѕани) — мало блатно езеро во Кукушко, Егејска Македонија. Сместено е на територијата на општината Пајонија. Зафаќа површина од 1,4 км2 и длабочина од 3 до 6 м. Со тоа, езерото е трето по големина во Кукушкиот округ, по Дојранското и Горчливото Езеро.

Има трапезоиден облик, со страни од 960, 400, 1.700 и 1.970 метри и најголема должина од 2.100 метри. Блатото сезонски го посетуваат преселни птици како кадравиот пеликан (Pelecanus crispus) и претставува важно одмориште при нивиот преселбен лет. Ова е и популарно место за љубителите на природата од овој крај.[1][2]

Историја[уреди | уреди извор]

Денешното блато е јадрото преостанато на доста поголемото езеро со исто име кое е пресушено во периодот од 1928 до 1932 г. Старото езеро претставувало северен дел на езерска целина Арџан-Аматово, бидејќи тогаш Арџанското Езеро било поврзано со Аматовското преку природен канал.

Крај езерото во 1904 г. е одржан околискиот Арџански конгрес на ВМРО по Илинденското востание, на кој е избрано новото раководство на Кукушкиот револуционерен округ.[3]

Денешното езерце е обновено во 2000-те со прокопување на брегот во висина од 8 м, за да може да се исполни со вода и да се користи за наводнување на околните површини низ изградената мрежа. Водата доаѓа од реките Ѓолаја и Селемлиска Река кои се слеваат заедно малку понасевер и се насочуваат кон езерото.[4][5][6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Greece.com, Λίμνη Αρτζάν, Αντικατοπτρισμοί
  2. wikimapia, Ταμιευτήρας νερού Αρτζάν - Αματόβου
  3. Гошев, Петър (2001). „Революционното движение в град Кукуш от 1903 до 1913 година“. Македонски преглед. София: Македонски научен институт. 30: 112.
  4. Μαχητής, 22 Νοεμβρίου 2015, Τα εγκαίνια αποξήρανσης των λιμνών Αρτζάν - Αματόβου από τον Ελευθέριο Βενιζέλο το 1929, Χρήστος Ίντος
  5. Άσπρος, Λίμνη Αρτζάν Αματόβου[мртва врска]
  6. Χρονοντούλαπο, Η ληστεία της Φαουντέσιον, Παύλος Παπανότης, 9 Δεκεμβρίου 2012

Надворешни врски[уреди | уреди извор]