Арсениј Јовков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арсениј Јовков
Роден 25 март 1884
Селци, Струшко
Починал 14 септември 1924
Горна Џумаја, Пиринска Македонија

Арсениј Јовков (25 март 188414 септември 1924) — македонски револуционер, киносценарист и публицист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година. Тој е син на Атанас (Танасков) Јовков кој долги години се бори против месните бегови, а негов вујко е писателот Војдан Чернодрински. Се образува и завршил гимназија во Битола. Уште како ученик во Битолската гимназија, некаде околу 1900 г., почнува да пишува поезија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.

Филмот „Македонија во слики

Во пресрет на Илинденското востание, во престрелка со Турците, загинал таткото на Арсениј. Сè уште средношколец, Арсениј се враќа во Дебарско и влегува во Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како секретар на војводата Тасе Христов. Се бори во Дебарца и Кара Осман, а по загинувањето на неговиот брат Нико Јовков, Арсениј станува војвода на неговата чета. По востанието емигрирал во Бугарија.

Јовков е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 година[1]. Автор е и на сценариото за играниот филм „Илинден“.[2][3]

Убиен е во познатите септемвриски Горноџумајски атентати.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. [1][мртва врска]
  2. „Вечер“ бр. 14283, 24.12.2009: „Арсениј Јовков е најавтентичниот литературен глас на Илинден“
  3. „„Македонско сонце" број 248: „Делото на Арсени - „евангелско четиво" за секој Македонец". Архивирано од изворникот на 2009-12-07. Посетено на 2009-12-24.