Апулија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Локација на реонот на (Апулија) во Италија
Локација на реонот на (Апулија) во Италија

Апулија (италијански: Puglia, латински: Apulia) — една од 20-те покраини на Италија. Се наоѓа во источниот дел на земјата. Главен град е Бари, а други познати градови се Таранто, Фоџа, Бриндизи, Лече. Апулија е позната како „пета“ на "италијанската чизма".

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Апулија го добила името по древниот народ Апили кои живееле на ова подрачје во времето пред Стар Рим. Италијанското име за оваа покраина е Пуља.

Замокот „дел Монте“ во Андрија

Положба[уреди | уреди извор]

Апулија е и источна и јужна покраина на Италија. Морето ја опкружува покраината од три страни - на север Јадранско Море, на исток Отрантски Проток и на југ - Јонско Море. На запад се наоѓаат следниве покраини:

Природни одлики[уреди | уреди извор]

Површината на покраината е 19.358 км2 и според тоа Апулија е една од средноголемите италијански покраини. Таа ја сочинува таканаречената пета на италијанската чизма.

Релјеф: Источниот дел (53% од површината) — рамничарско подрачје. Тука се одгледуваат маслинки, агруми, винова лоза). Крајниот западен и северен дел е планински во прегратките на Апенините.

Клима: Климата во поголемиот дел е средоземна со благи зими и долги топли и сушни лета. Бреговата разгранетост е голема. Единствено островските покраини Сицилија и Сардинија имаат подолги брегови. На север излегува на Јадранско Море, а на југ на Јонско Море.

Население[уреди | уреди извор]

Денес Апулија има преку 4 милиони жители и е една од најнаселените покраини на Италија. Густината на населеност — преку 200 ж./км2, што е многу слично со државниот просек. Рамничарскиот дел на покраината е погусто населен.

Етничка слика Во покраината доминира италијанското население, а постојат и мали заедници на Грци. Во последно време се населуваат и значителен број Албанци.

Јазик Службен јазик е италијанскиот од 1861 година. Меѓутоа, локалните дијалекти прилично се разликуваат од стандардниот јазик. Покрај тоа, мал дел од населението зборува грчки и албански јазик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]