Аполодор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аполодор
Роден 180 п.н.е.
Атина
Починал 119 п.н.е.
Атина
Занимање писател, филолог и архитект

Аполодор (грчки: Απολλοδορος) бил старогрчки писател, филолог и архитект, кој живеел во средината на 2 век п.н.е. Негов учител му бил Диоген од Вавило. Во Александрија живеел до 146 п.н.е., кога побегнал или бил прогонет. По ова тој заминал во Атина.

Најпознат е по своето дело Хроника (Χρονικά) и „За боговете“ (Peri theon), а се смета и за автор на Митолошка библиотека. единствениот труд за старогрчката митологија кој денеска е зачуван.