Антонио Ди Натале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Антонио Ди Натале
Лични податоци
Роден на 13 октомври 1977(1977-10-13)(46 г.)
Роден во Неапол, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001700000001,70 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Младинска кариера
Емполи Емполи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996-2004 Емполи Емполи 158 (49)
1997-1998 →Иперцола 33 (6)
1998Варезе Варезе 5 (0)
1998-1999Вијареџо Вијареџо 25 (12)
2004-2016 Удинезе Удинезе 385 (191)
Репрезентација
2002-2012 Италија Италија 42 (11)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 11 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 11 јануари 2012

Антонио Ди Натале (роден на 13 октомври 1977 година) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач.

Познат по својот прекар Тото.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Како разноврсен напаѓач со смртоносно око за гол, Ди Натале може да игра било каде во нападот, како осамен напаѓач или по крилните позиции во формација со тројца напаѓачи. Тој е познат по неговите дриблинг вештини и неговата способност да реализира голови и да создава шанси.

Кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал во Емполи, а своето деби за првиот тим го направил во натпревар од Серија Б во сезоната 1996-97. Следувале две сезони кој ги поминал на заем во екипите на Иперцола, Варезе и Вијареџо, по што се вратил во Емполи во летото 1999 година. Во сезоната 1999-2000 се афирмирал во клубот играјќи во 25 првенствени натпревари и постигнал 6 гола. Во сезоната 2001-02 со 16 постигнати гола му помогнал на Емполи да избори промоција во Серија А. Во својата прва сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал оформил партнерствo во нападот со Томазо Роки и Лука Саудати и се истакнал со 13 постигнати голови.

Пред почетокот на сезоната 2004-2005, Ди Натале потпишал за Удинезе. Во следните 10 години тој станал капитен и икона на клубот со преку 400 натпревари и скоро 300 голови. Ди Натале бил најдобар стрелец во Серија А две сезони едноподруго во 2009-10 и 2010-11.[1] Во 2010 година ја добил наградата за Италијански фудбалер на годината.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. RSSSF (уред.). rsssf.com / tablesi / italtops.html „Италија, Серија А - Најдобри стрелци“ Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на 18 февруари 2013.