Андрос

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења видете Андрос (појаснување).
Андрос
Άνδρος
Плажа Витали
Плажа Витали
Географија
Координати: 37°50′N 24°56′E / 37.833° СГШ; 24.933° ИГД / 37.833; 24.933
Островски ланец: Киклади
Површина:[1] 380,041 км²
Највисока точка: Кувара (995 m)
Управување
Грција Грција
Периферија: Јужен Егеј
Префектура: Киклади
Главен град: Андрос (град)
Статистики
Население: 10.009 (од 2001)
Густина: 26 жит/км²
Пошт. бр.: 845 00
Повик. бр.: 22820
Код на регистарски таблички: EM
Портал
www.androsweb.gr
Градот Андрос

Андрос (грчки: Άνδρος) е остров во грчкиот архипелаг, најсеверниот од Кикладите, приближно 10 км југоисточно од Евбеја, и околу 3 километри северно од Тинос. Островот е долг скоро 40 км, а неговата најголема широчина е 16 км. Неговата површина е во најголема мера планинска, со многу плодни и добро наводнети долини. Андрос, главниот град на источниот брег, имал околу 2000 жители во 1900. Целиот остров, пак, имал околу 18.000 жители во 1900. Пописот од 1991 покажал 8.781 жител. Според пописот од 2001, градот Андрос имал 1.508 жители, додека вкупниот број на жители на островот бил 10.009. Островот се состои од општините на градот Андрос (4.107 жители), Кортио (2.547 жители), и Идруса (3.355 жители). Нивната заедничка површина изнесува 380,041 км2. Најголемите градови се Андрос, Каврио, Баци и Ормос Кортиу.

Општини[уреди | уреди извор]

Општина YPES код Седиште Поштенски код Повикувачки број (+30)
Андрос - Андрос 845 00 22820-2 или -5
Идруса - Гаврио 845 01 22820-7
Кортио - Ормос Кортиу 845 02 22820-6

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Основни одлики“. МВР. www.ypes.gr. Посетено на 8 јули 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]